„TAA ПОЧИНА ОД ДРУГА ПРИЧИНА!“ Се огласи хирургот од Турција кој ја оперираше Британката којашто почина во Белград

Не направив ништо лошо. Таа почина од белодробна емболија во авионот, а не од компликација по операцијата, изјави хирургот Серкан Баил кој во Истанбул ја оперираше Британката Морган Рибеиро.

1,393

Хирургот Серкан Баил, кој во Истанбул ја оперираше Британката Морган Рибеиро, која почина во Белград откако и се слоши во авионот, рече дека не направил ништо лошо, пренесува српски Телеграф.

Морган сама го финансирала патувањето и операцијата на стомакот, за која платила 2.500 фунти. Таа беше оперирана во приватна болница од хирургот Серкан Баил.






– Не направив ништо лошо. Таа почина од белодробна емболија во авионот, а не од компликација по операцијата – рече тој.

Оваа изјава ја налути мајката на Морган, Ерин, која рече дека лекарите во Белград потврдиле дека и е исечено тенкото црево.

Според мајката, Морган била оперирана на 5 јануари, а докторот и дозволил да се врати дома четири дена подоцна. Компликациите настанале при летот од Истанбул до Велика Британија. Морган слетала во Белград, каде и била укажана итна помош, но за жал починала четири дена подоцна.

– Нејзините витални знаци беа добри кога ја напушти болницата. Најстрашното нешто во оваа ситуација е протекување. Сепак, таа го немаше тоа, па верувам дека почина од белодробна емболија, а не од сепса – вели докторот пренесуваат регионалните медиуми.

Од друга страна, лекарите од Србија и кажале на нејзината мајка дека при операцијата и е оштетено тенкото црево.

– Тоа што го тврди докторот не е точно. Таа не умрела од емболија. Нејзиното црево е оштетено. Лекарите ми рекоа дека има висока температура и дека телото и е во септичен шок. Храната од цревата истекувала во крвотокот – рече нејзината мајка Ерин.

Таа тогаш рекла дека и нејзината ќерка била болна во болницата во Турција, но дека вработените и рекле да стане и да оди малку.

– Можете ли да замислите колкава болка чувствувала. Се пожали дека е лошо. Некој мора да одговара. Овој козметички туризам мора да заврши – рече таа.

Докторот изјави дека турската полиција во понеделникот била во неговата канцеларија и дека е покрената истрага, но му било дозволено да продолжи со работата.

– Многу сум тажен. Таа беше млада, посакувам ова никогаш да не се случеше. Ова е прв таков случај во мојата кариера. Други двајца луѓе од Англија кои ја направија истата операција се презадоволни. Компликации секогаш се случуваат при операција, има ризик Безбедно е да се дојде во Турција, ова е трагичен инцидент – изјави докторот.

Властите во Србија и Велика Британија покренаа истрага за смртта на Морган. Претходно, лекарите во Белград мораа да и отстранат дел од цревата за да се обидат да ја спречат инфекцијата.

Но и покрај сите напори не успеале да ја спасат и таа починала четири дена подоцна во болница во Белград.

Поврзани содржини