НИШТО НЕ МЕ СОБИРА! Како се дуплира вечниот женски проблем во бременоста?
„Морам да признаам дека бременоста не ми го осиромаши изборот на гардероба, туку ми ја поттикна креативноста за смислување нови комбинации со она што веќе го има во мојот и во плакарот на маж ми“, вели оваа инфлуенсерка која иако е веќе длабоко навлезена во шестиот месец од бременоста, го привлече вниманието на фотографите на Модниот викенд во Скопје со своите интересни модни комбинации.
Сите девојки и жени уште од тинејџерските денови, многу често ги мачи едно исто прашање кое мажите едноставно не можат да го разберат: „Што да облечам денес?“
И секогаш, без оглед на сезоната, времето од денот, приликата и временските услови, вечното прашање е секогаш тука.
Во преполните плакари, токму кога брзаме или кога станува збор за некоја важна пригода, нема „ништо“ што би можеле да го облечеме во тој момент.
А што се случува за време на бременоста? Е тогаш тој проблем добива сосема нова димензија и се дуплира баш како што се „дуплира“ и нашиот изглед.
Некои жени чувствуваат надуеност во пределот на долниот дел од стомакот уште од првите недели на бременоста, други го чувствуваат тоа дури кога нивниот стомак ќе почне да расте, кон крајот на третиот месец од бременоста.
Но, како и да е, порано или подоцна сите наидуваат на ситуација кога им се чини дека нема веќе апсолутно ништо во нивниот гардеробер што им одговара.
И можеби баш затоа што знаеме како е тоа кога ништо што до вчера ни било омилен дел од гардеробата, повеќе не нѐ собира, нѐ стега или пак смешно ни стои, не воодушевуваат оние трудници кои и покрај тоа што се соочуваат со истиот проблем, сепак знаат да си направат комбинации во кои ќе изгледаат исто толку шик, оригинално и прекрасно како и претходно.
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.