НИШКАТА КОЈА ГИ ВРЗУВА НАЈМОДЕРНИТЕ НАУЧНИ ТЕОРИИ Ако не можеш да го објасниш на просто, не го знаеш ни на сложено!
Сликата на нашата галаксија може да е многу слична со целиот кластер на галаксии ако зумираме нанадвор, а пак многу слична и на образецот на срцевиот мускул ако зумираме навнатре. Односот меѓу малото и големото, меѓу субјектот и средината е предмет на истражување на речиси сите модерни теории - без разлика што тие се од различни научни области - ова ги поврзува.
Има повеќе нешта кои можат да ги поврзат ултрамодерните теории на науката кои владеат во последните децении. А сите овие теории се прилично комплексни и не се баш „мазни“ како оние во науката од претходните децении. Напротив, денес живеме во Теоријата на хаосот, на фракталите, на некакви невронски мрежи…
Го прашавме ЧатГПТ што е заедничко за овие теории и како тие можат напросто да се објанат. Бидејќи, нели, теоријата на хаос многу потсеќа со хаосот во природата кој го предвидел Дарвин на пример. Или со хаосот на тоа како во нашиот мозок се поврзуваат невроните – иако тоа го истражуваат неуролози, а не физичари.
ЧатГПТ се согласува со оваа идеја. Дека сите овие теории можат да бидат „раскажани“ така како да припаѓаат на едно исто стебло. И покрај сè она што ги поврзува е дека тие сакаат да објаснат сè во својата научна област, што би рекле, тие веќе се хибридни и холистички и гломазни. И една многу битна работа, сите теории се бават со работи кои како да излегуваат од нигде-никаде, како што е на пример, самата наша свест.
Еве кои се некои од овие теории:
Теорија на хаос
Оваа теорија ги проучува сложените системи особено оние кои се многу „чувствителни“, на пример, климата. Таа е толку чувствителна на мали нешта, што ако една пеперутка во Мексико ги развие крилјата тоа може да предзивика торнадо во САД. Но, хаотични можат да бидат и обичните нешта. На пример, ако играте билијард со три или повеќе топчиња секој пат ќе ви треба различна равенка за да пресметате каде ќе одат топчињата.
Биоцентризам
Хаосот од претходната теорија нè носи до непредвидливоста на предметите, телата…и до биоцентризмот. Тоа е кога научниците веруваат дека многу е битно како живите организим го доживуваат светот и врските меѓу себе со средината. Ова е прилично контроверзно гледиште, но имаше свои можни докази во квантната физика каде се вели дека реалноста не е таква каква што ја гледаме туку дека преку нашите сетила ние ја халуцинираме реалноста која пак е – квантна пена.
Фрактали
Сета оваа сложеност на биоцентризмот не значи дека не постои хармонија во природата. Ова нè носи до истражувањата на Манделброт кој открил дека многу често различни обрасци, на пример во водата или во каков било природен процес се повторуваат. И не само што се повторуваат тие како да се вгнездени копии самите на себе кои како кукли бабушки можат да влегуваат во себе. На пример, сликата на нашата галаксија може да е многу слична со целиот кластер на галаксии ако зумираме нанадвор, а пак многу слична и на образецот на срцевиот мускул ако зумираме навнатре.
Деконструктивизам во филозофијата
Овие фрактали сепак значат дека односот на некој предмет со неговата околина и не е толку туѓ. Каква околина, таков човек и обратно. Тоа значи дека сè зависи од контекстот? На вакво мнение бил Жак Дерида, француски филозоф и јазичар, кој рекол дека целиот свет е како еден контекст, односно текст и дека ако сакаме да дојдеме до вистина ќе мора некако да го растргнеме тој текст. На пример, да го деконструираме.
Теорија на игри (гејмификација)
Деконструктивизмот станал популарен во 80тите. Но, негде во 60тите веќе имало една друга теза, овојпат во математиката, која може, без да се уништува ништо, да провери дали и како еден организам или атом на пример, може да преживее во својата средина. Математичарот Џон Конвеј направил правила кои се играат на обична шаховска табла каде на пример засадувате едно цвеќе, но не сите полиња околу него имаат вода за тоа да преживее. Што мислите, ќе расте ли цвеќето?
Математичарите биле изненадени дека по одредено време, ако ги обоите полињата на таблата каде расте живот добивате некаква форма која личи на фрактал. Е таква е „играта на животот“.
Невронски мрежи
Оваа прилично нова теорија ја преселува „играта на животот“ ама внатре во нашиот мозок. Се истражува како комуницираат невроните и како воопшто доаѓа до свеста кај човекот. Моделите се математички, а најинтересното е што се предвидува дека свеста може да почне од некои мали правила кои ќе ги си постават два неврони. Правилата стануваат посложени и посложени и се добива систем која станува свесен.
Најинтересното? Можете да почнете со било кое правило и да направите своја невронска мрежа. Ви треба само компјутер за да го пишете првото правило, а потоа алгоритам да го развива. Голем дел од луѓето кои ја развиваат оваа теза се оптимисти дека на пример, на овој начин и компјутерите можат да станат свесни.
Нели, вештачката интелигенција ќе ја достигне сингуларноста во 2054 година, како што предвиде Реј Курцвајл.
Антропски принцип
Антропос значи човек на старогрчки, а кога група астрофизичари ќе почнаат да бараат човечност во универзумот, тоа значи дека уште ја развиваат својата теорија. Но, нивниот концепт вели дека не само човекот и свеста, туку и за самиот универзум да постои треба да се исполнат некои основни услови – услови од самата средина. Под услови тие подразбираат некои константи, на пример, брзината на светлината да ја има таа и таа големина, или Земјата да биде точно оддалечена од Сонцето толку и толку километри за да може да се појави свесниот живот на неа.
Интерсубјективизам
Тука се поставува прашањето дали се поважни условите за живот или самиот организам? Можеби една филозофска теорија, наречена интерсубјективизам го дава одговорот. Таа вели дека вистината се наоѓа меѓу нашето лично мислење и видување и она што е објективната реалност на средината. Што значи, не е ниту кокошката, ниту јајцето, туку една игра меѓу двете.
Будизам
Ова нè носи право во проблемот на многуте религии – дали човек има своја волја или Бог му предодредил судбина? Будизмот можеби има едно решение кое наликува на теориите на овој список. Таму се вели дека човек е исто што и Бог, односно дека сè, целата природа е Бог, па оттука, што и да направи човекот е кармички поврзано со волјата на Бог. Со други зборови, не може да се оддели оној кој го прави нештото, од самото нешто.
Интересно е што овој принцип на карма има одѕив во работата на Карл Јунг во психологијата. Тој го нарекува синхроницитет – кога коцките ти се склопуваат и сè што се случува има некоја позадинска смисла која се согледува откако ќе помине одредено време.
Екологија
А каде е дебата за човекот и средината, ако не ја спомнеме токму животната средина? Порастот на екологија и еколошките теории во последните децении како да се поклопува со сите претходни теории. Дали природата е способна да го „лапне“ човештвото ако „почувствува“ дека е премногу загрозена од напливот на ѓубре со кое ја загадуваме? Според некои теории, планетата е толку силна што зелените жили на растенијата можат да пробијат низ каква била пластика или отпад.
Дарвинизам
Причината зошто дарвинизмот е ставен на оваа листа е дека тој исто така се бави со организмот и неговата можност да се адаптира на условите на средината. Природната селекција денеска е веќе докажана теорија. Значи, организмот ќе преживее, но ќе еволуира во некој нов организам. Постојана промена.
Теорија на струни и на мултиверзум
Овие две теории во физиката се само дел од многуте кои сакаат да направат целосна слика за универзумот. Да ја спојат гравитацијата на Ајнштајн со квантната механика на Макс Планк кои некако, на чуден начин, се поврзуваат преку феноменот на црните и црвјите дупки, каде ионака законите на денешната физика бидуваат скршени.
Тоа што е интересно е дека теоријата на струни вели дека и најмалиот атом не е атом, туку обично ластиче кое вибрира, а дека најголемата галаксија е исто така ластиче – само поголемо. Тоа личи на теоријата на фракталите каде сè се повторува во природата.
Во случајот со теоријата на мултиверзумот, таа вели дека можат да постојат бескрајно многу универзуми како нашиот, но со различни правила во него. Тотално различна средина. Сè е возможно.
А дури кога два од тие универзуми како големи меури се судриле еден со друг, тогаш настанал Биг Бенг – големата експлозија од која почнало сè.