📽 НИКОМУ НЕ МУ Е ЈАСНО КАКО ФУНКЦИОНИРАЛО „ЉУБОВНОТО СТОЛЧЕ“ НА ЕДВАРД СЕДМИ Кој стои, кој лежи?
Го викале „Валканиот Берти“ затоа што имал огромен сексуален апетит уште од својата 19-годишна возраст.
Столче кое му служело на британскиот крал Едвард Седми да задоволи две партнерки одеднаш, а притоа да си го потпира големиот стомак, е нашироко коментирано во британската јавност. Љубовната столица се чува во борделот Le Chabanais во Париз, пишува Јутарни.
Кралот Едвард VII (1841-1910) бил најстариот син на кралицата Викторија и принцот од Велс и станал крал дури во неговите 60-ти. И денес луѓето го раскажуваат неговиот необичен живот, особено неговата страст за – добрата храна и жените.
Го викале „Валканиот Берти“ затоа што имал огромен сексуален апетит. Сé започнало кога пријателите ја донеле актерката Нели Клифтон кај тогаш 19-годишниот Едвард со цел да ја изгуби невиноста со неа. Неговата мајка, кралицата Викторија, по смртта на татко му одлучила дека Едвард мора да се ожени, а за негова сопруга ја избрала принцезата Александра од Данска, со која имал пет деца.
Сепак, бракот на Едвард не бил причина тој да не „шара наоколу“, па списокот на неговите љубовници само растел – Сара Бернхард, Лејди Рандолф Черчил, Мери Корнволис-Вест, Дејзивил, грофицата од Ворвик, Алис Кепел, Агнес Кејзер, Лили Лангтри, Лејди Сузан Ване-Темпест, Госпоѓица Ла Гулу, Ла Бел Отеро, Хортенс Шнајдер и многу дами во борделите ширум Европа.