НЕЗАВРШЕНАТА ВОЈНА НА Д-Р НЕЛЕ КАРАЈЛИЌ Тажна судбина на двајцата фронтмени на некогаш култниот бенд Забрањено пушење

Спорот меѓу Неле и Сејо е најмалку спор за авторски права. Тоа е една длабока политичка и идеолошка кавга која трае со години. На општо разочарување на фановите на некогаш култниот бенд.

1,452

Деновиве Ненад Јанковиќ ака Нeле Карајлиќ и Давор Сучиќ ака Сејо Сексон од култната група Забрањено пушење повторно се во центарот на медиумското внимание, откако јавно судрија околу авторските права за песните со кои овој бендот своевремено ја освои Југославија.

Сејо го обвини Неле за неовластено изведување песни од бендот, односно за повреда на авторската и интелектуалната сопственост на лидерот на „Забрањено пушење“. Спорот заврши така што популарниот Неле Карајлиќ вети дека повеќе нема да изведува песни на кои не е автор.






Но, спорот меѓу Неле и Сејо е најмалку спор за авторски права. Тоа е една длабока политичка и идеолошка кавга која трае со години.

По заминувањето од Сараево, Неле Карајлиќ, заедно со Емир Кустуриќ, стана еден од корифеите на великосрпскиот национализам и шовинизам. Изјавата со која вознемири и разочара многу фанови во Босна и во бивша Југославија гласеше:

– Јас во Сараево можам само на тенк да дојдам. Муслиманите избркаа 200.000 Срби од Сараево.

На ова Сејо Сексон му возврати:

– Верувај ми, секој транспорт е поевтин од тенк.

Откако го напушти Сараево во раните 1990-ти, Неле со години не се врати во родниот град. Во меѓувреме почна да си игра со Емир Кустурица, а поради стихот „Кој не го сака Радован, не го видел Ѓурѓевдан“, своевремено во регионот настана медиумски хаос. Радован асоцира на Радован Караџиќ, се разбира.

Сепак, во 2015 година, повеќе од дваесет години по заминувањето, Неле дојде во Сараево. Откако ја промовираше својата книга „Фајронт во Сараево“ na Јахорина, Република Српска, во февруари 2015 година, Неле отиде во главниот град на Босна и Херцеговина, во една кафeана во Сараево со неколку пријатели, во заклучена зграда.

Во таа 2015 година Неле родниот град го напушти во придружба на специјалната полиција, додека порталите „гореле“ од коментари полни со омраза кон него.

Ова е постот со кој Сејо ја коментира актуелната ситуација поврзана со споровите за авторските права со Неле Карајлиќ:

Поврзани содржини