📽 НЕЗАПАМЕТЕН ХАОС ВО АМЕРИКА Еве зошто Орелскиот премин ги разниша темелите на нацијата

Минатата недела гувернерот на Тексас го употреби зборот „компакт“, наместо „договор“ во својата изјава во која рече дека федералната влада го прекршила „комапктот“меѓу државата и сојузната влада. Зборот „компакт“ ги исплаши правните експерти бидејќи последен пат е користен во време на Граѓанската војна кога 11 држави се отцепиле од САД.

3,576

Несогласување околу тоа дали бодликавата жица на границата на Тексас со Мексико треба да се појача или не направи невиден хаос во Соединетите Американски Држави. Американските медимуи пишуваат дека се разнишани темелите на нацијата, цитирајќи го Хаиме Вакез, адвокат за имиграција.

„Игл пас“ стана центар на конфликт меѓу администрацијата на престедателот Џо Бајден и државата Тексас. Растат стравувањата дека конфликтот може да се прошири. Тексас многупати во историјата најавувал отцепување, а националистите во државата бараат одржување референдум по ова прашање, иако тоа не го дозволува уставот на САД.






Тексас се отцепи од Мексико во 1836 година и помина девет години како своја нација пред да стане сојузна држава на Соединетите Американски Држави. Исто така, Тексас се отцепи од САД во 1861 година пред да биде повторно примен по завршувањето на Граѓанската војна во 1870 година.

 

 

Додека 26 држави во писмо рекоа дека застанаа зад гувернерот на Тексас Грег Абот, кој изминатите денови ги изведе тенковите и армијата на клучниот премин „Игл пас“ со цел да ја заштити оградата, федералните власти не се согласуваат.

Конвој од 40.000 камиони наречен „Вратете ја нашата граница“ кој се залага за посилна безбедност на границата денеска тргна од Норфолк, Вирџинија кон преминот „Игл Пас“.

Конвојот се упатува кон јужната граница и планира да одржи митинзи на главните гранични точки за влез, вклучувајќи ги Сан Исидро, Калифорнија, Игл Пас, Тексас и Јума, Аризона. Групата планира да го помине југоисточниот дел на САД пред да им се придружи на другите демонстранти во Тексас претстојниот викенд.

– Слушам дека 40.000 возачи на камиони доаѓаат од целата земја и Канада. Поаѓањето на конвојот од Вирџинија го означува почетокот на она што може да биде значаен настан во конфликтот за безбедноста на границата – рече организаторот Џон Хаџинс.

 

Минатата недела гувернерот на Тексас го употреби зборот „компакт“, наместо „договор“ во својата изјава во која рече дека федералната влада го прекршила „комапктот“меѓу државата и сојузната влада. Зборот „компакт“ ги исплаши правните експерти бидејќи последен пат е користен во време на Граѓанската војна кога 11 држави се отцепиле од САД.

Во меѓувреме, членовите на американскиот Сенат во Вашингтон работат на можен договор за имиграцијата. Извори за Си-Би-Ес изјавија дека договорот би можел да биде склучен следната недела. Според договорот, нацрт-законот ќе му даде на претседателот Бајден овластување да ја паузира обработката на барањата за азил за време на порастот на илегалните гранични премини.

Дополнително, се зборува за воведување побрзи мерки за депортација и скратување на времето на чекање за одлуките за азил.

 

Спорот ескалираше на 10 јануари, кога властите во Тексас ги блокираа агентите на американската гранична патрола во областа Игл Пас. Оваа област го вклучува паркот Шелби, градски парк на реката Рио Гранде, кој сега е ограден со жица за бричење, што го попречува пристапот на граничната патрола, јавува Си-Ен-Ен.

На 12 јануари, откако армискиот оддел на Тексас „го окупираше и го обезбеди Шелби паркот“, две деца и една мајка се удавија во блискиот дел од реката Рио Гранде. Сега Тексас и американските власти меѓусебно се обвинуваат дека придонесуваат за трагедијата.

 

 

Поврзани содржини