🎥 НЕВРОХИРУРГ ОТКРИВА НЕВЕРОЈАТЕН СЛУЧАЈ КАЈ ПУШАЧ „Ова никогаш нема да го заборавам… ништо не помогна!“

Искусен лекар предупредува дека никотинот, а не чадот, е вистинскиот виновник за бавната регенерација на телото и хроничните воспаленија – дури и кај најобичните рани.

670

Неврохирургот д-р Кумар на Тик-Ток ја раскажа приказната која, како што вели, засекогаш му го променила сфаќањето за тоа како никотинот делува во човечкото тело.

– Ова е случај што никогаш нема да го заборавам – почнува тој.






– Еднаш му отстранив голем тумор од предниот дел на главата на пациент. Иако засекот на скалпот изгледаше добро и беше одлично снабден со крв – раната не зараснуваше. Испробавме сè: антибиотици, мед, газа, … ништо не помогна.

По месеци без успех, лекарот повторно го прашал пациентот дали навистина се откажал од пушење.

– Тој ми рече – вистината е дека сè уште пушам. Му реков дека мора веднаш да престане. И навистина, само една недела откако се откажа, раната целосно заздрави.

Овој случај, признава д-р Кумар, го натерал да разбере дека не чадот, туку самиот никотин е најштетната компонента од тутунот.

– Никотинот предизвикува вазоконстрикција – стегање на крвните садови, што значи дека помалку крв стигнува до местата кои треба да зараснат. Тоа го забавува целиот процес на опоравување – објаснува тој.

@thedrkumardiscovery

Nicotine is the anti-rejuvenation drug. #Nicotine #SmokingCessation #Zyn #Vaping #Tobacco

♬ original sound – The Dr Kumar Discovery

Никотинот не ги оштетува само срцето и белите дробови

Иако многумина пушењето го поврзуваат со срцеви и белодробни заболувања, овој експерт предупредува дека последиците се многу пошироки.

– Не се работи само за хируршки рани – сите ние постојано зацелуваме, било поради физички, ментален или механички стрес. Ако во крвотокот имаме никотин, крвните садови не можат да донесат доволно крв за телото да се обнови. Така настануваат дегенеративни состојби – вели д-р Кумар.

Тој додава дека кај неговите пациенти со заболувања на ‘рбетот, речиси сите се пушачи.

– Нема разлика – електронска цигара, тутун за џвакање или класична цигара – сè што содржи никотин го блокира опоравувањето. Ако ткивото не заздравува, тоа пропаѓа.

Д-р Кумар испраќа јасна порака: Не може да имате никотин во крвотокот и да бидете здрави. Тој го спречува секој процес на оздравување.

Научниците потврдуваат: Никотинот предизвикува воспаленија и го оштетува ткивото

Истражувачи од универзитетот Умео во Шведска, во соработка со американски научници, откриле дека никотинот силно ги активира имунолошките клетки наречени неутрофили, кои ослободуваат ДНК нишки покриени со воспалителни молекули – таканаречени неутрофилни екстрацелуларни замки (NET).

Континуираната изложеност на овие молекули може да предизвика сериозно оштетување на ткивото и да објасни зошто никотинот е поврзан со хронични воспаленија.

Според Светската здравствена организација (СЗО), секоја година речиси шест милиони луѓе умираат поради последиците од пушењето, а никотинот е главниот токсичен и зависнички елемент во тутунот. Тој делува преку ацетилхолински рецептори и предизвикува серија штетни реакции во организмот – вклучително и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), која погодува повеќе од 10% возрасни лица во западните земји.

Во трудот објавен во Journal of Leukocyte Biology, научниците првпат покажуваат дека никотинот директно го стимулира ослободувањето на овие штетни NET структури преку специфичен клеточен рецептор, што дава клучен одговор на прашањето: како точно тутунот предизвикува воспаление во човечкото тело.

Поврзани содржини