НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ НА НАУЧНИЦИ ОД АВСТРАЛИЈА Погледнете кое животно има најмногу нозе

Неколку примероци се пронајдени на речиси 60 метри под земја во областа Голдфилдс-Есперанс во рудник во Западна Австралија, каде се ископуваат злато и литиум.

2,538

Австралиските научници открија членконог со 1.306 нозе, кое има најмногу од сите досега познати животни.

Според нив, суштеството од видот стоногалки е „чудо на еволуцијата“, пишува Sky News.






Неколку примероци се пронајдени на речиси 60 метри под земја во областа Голдфилдс-Есперанс во рудник во Западна Австралија, каде се ископуваат злато и литиум.

Суштеството нема очи, има бледа боја, долго е околу 95 mm и широко помалку од еден милиметар.

Стоногалката се ориентира во околината само со допир и мирис. Живее во целосна темнина под земја меѓу парчиња железна руда и вулкански карпи.

Истражувачите откриле и дека женките се подолги од мажјаците. Едниот примерок беше со 1.306 нозе, а другиот со 998.

Мажјаците имаат помеѓу 778 и 818 нозе. Но, нивниот број е многу поголем од оној на обичните стоногалки, кои обично имаат меѓу 100 и 200 нозе.

Претходниот рекорд го постави суштество пронајдено во Калифорнија, „Illacme plenipes“, кое има 750 нозе.

 

Поврзани содржини