ЕМ НЕТАНЈАХУ НЕ СЛУШАЛ, ЕМ СЛУЖБИТЕ ПРОМАШИЛЕ Се мислело дека Хамас е безопасна, дека ќе нападне на Западниот Брег?!
Њујорк Тајмс наведува дека израелското воено разузнавање верувало дека, од мај 2021 година, групата Хамас не била заинтересирана за напади во Газа, туку напад во Западниот Брег, кадешто контролата всушност ја има палестинската управа(ПА) и претседателот Махмуд Абас. Хамас и ПА во моментов се ривали.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со месеци ги игнорирал предупредувањата на безбедносните служби дека неговата домашна политика ќе поттикне опасни политички превирања. Ова во неделата го објави Њујорк Тајмс. Службениците му нагласиле дека внатрешните кавги го прават Израел небезбеден, а ги зајакнуваат непријателите на земјата.
Во еден момент, во јули, Нетанјаху дури, наводно, одбил да се сретне со висок генерал кој се обидувал да испрати предупредување за закана врз основа на доверливи разузнавачки информации, пишува весникот.
Њујорк Тајмс проценува и нешто друго. Дека самите службеници погрешно ја проценувале заканата од Хамас, што довело до смртта на 1.400 луѓе во нападот од 7 октомври со кој започна војната.
Како пример, весникот зема информација дека военото разузнавање верувало дека, од мај 2021 година, Хамас не била заинтересирана за напади во Газа, туку напад во Западниот Брег, кадешто контролата всушност ја има палестинската управа(ПА) и претседателот Махмуд Абас. Хамас и ПА во моментов се ривали.
Друга причина зошто Нетанјаху и службите ја потцениле заканата од Хамас, според весникот, е што тие сметале дека Иран и групата Хезболах од Либан се поголема опасност за Израел. На пример, во септември, највисоките израелски функционери дојдоа до заклучок дека Израел може да биде нападнат на неколку фронтови во следните недели или месеци од милициски групи поддржани од Иран.
Меѓутоа, тогаш не се споменуваше можен напад од Газа.
Истовремено, многу американски разузнавачки агенции престанаа да ја следат групата Хамас, сметајќи на тоа дека Израел може сам да се справи со таквата закана, се наведува во написот насловен „Како годините полни пропусти кон Хамас доведоа до катастрофален напад“.
Нетанјаху во петокот објави на Икс дека за пропустот се криви израелските служби кои не го известиле за нападот, за потоа да го избрише и десет часа подоцна да објави дека се извинува, дека згрешил и дека целосно ќе ги поддржи шефовите на службите. Се смета дека Нетанјаху ја избриша првичната објава под притисок на јавноста во Израел која го обвини дека е одговорен.
Останатите шефови на службите претходно ја прифатија одговорноста за фијаското од 7 октомври.