НЕПОЗНАТИ КРАДЦИ СТАНАА ПОПУЛАРНИ ВО ГЕРМАНИЈА Влегле во магацин и украле 16.000 четки за заби!

Се проценува дека пленот е вреден 1,4 милиони евра, полицијата ги анализира трагите и трага по крадците кои заедно со електричните четки за заби, од магацинот однеле и 2.000 телевизори.

346

Кражба во Дуизбург што ја извршиле непознати крадци стана „вест“ во германските медиуми поради необичниот плен. Имено, крадците кои упаднале во складиште за логистика во западна Германија, успеале да украдат 2.000 телевизори и 16.000 електрични четки за заби, соопшти полицијата.

Непознатите крадци успеале да побегнат од магацин во градот Дуизбург со сеф тежок повеќе од 100 килограми.






Се проценува дека пленот е вреден 1,4 милиони евра. Кражбата се случила минатиот викенд, но во вторникот била објавена во полициско соопштение.

Според полицијата, крадците упаднале во зградата преку прозорец. Најверојатно им требале неколку камиони за да ги однесат илјадниците украдени предмети. Полицијата во моментов ги анализира трагите на местото на злосторството и снимките од видео надзорот, а се надева и на помош од очевидци.

Поврзани содржини