НЕОБИЧНО ОТКРИТИЕ, ПЧЕЛИТЕ СЕ СВЕСНИ! Имаат чувства, соништа, па дури и посттрауматски стрес

Но, како е ова можно? И зошто досега не беше истражено? Па, бидејќи мозокот на пчелата е многу мал, со големина на семе од афион, дури во последната деценија технологијата за истражување стана доволно софистицирана за да се анализира нејзината невробиологија.

538

Пчелите се свесни, односно самосвесни, а можат да чувствуваат, па дури и да сонуваат смета сè поголема група научници во светот. Еден од нив, Стивен Бухман, напиша книга во која вели дека тие можат да покажат оптимизам, страв, фрустрација, разиграност, да препознаваат човечки лица, да сонуваат, но и да искусат ПТСН – посттрауматски стрес синдром, пишува Гардијан.

Ако се потврди, неговото истражување радикално ќе го промени начинот на којшто гледаме на царството на инсектите.






„Пчелите се самосвесни, тие се чувствителни и можеби имаат примитивен облик на свест. Тие решаваат проблеми и можат да размислуваат. Пчелите може дури и да имаат примитивен облик на субјективни искуства“, пишува Бухман во книгата „Што знае една пчела: Истражување на мислите, сеќавањата и личностите на пчелите“.

Стивен Бухман цели 40 години ги прочувал пчелите. Тој е многу нежен и со неговите инсекти дома, како и во лабораторија. За истражувањето тој го намалил бројот на пчели кои морал да гу убие.

По професија е еколог.

Што значи ова? Дека пчелите повеќе нема да ги сметаме за добиток исто како кравите, туку ќе имаат одредени права? Се отвора цело ново поле на студии кои ќе го смени земјоделството.

А познато е колку пчелите се битни во опрашувањето на овошјата и зеленчуците без кои не би постоело земјоделството.

Бухман тврди дека цели колонии пчели можат да умрат од психолошки стрес, предизвикан од бруталните практики на индустријализираното земјоделство – а не од пестицидите, како што обично се мисли.

Но, како е ова можно? И зошто досега не беше истражено? Па, бидејќи мозокот на пчелата е многу мал, со големина на семе од афион, дури во последната деценија технологијата за истражување стана доволно софистицирана за да се анализира нејзината невробиологија.

Пред овие иновации, повеќето научници кои ги проучувале инсектите претпоставувале дека не може да се случува многу во мозокот толку мал и со толку малку неврони. Се сметало дека инсектите се како роботи управувани од инстинкт, без капацитет да чувствуваат болка или страдање.

Сега, таа премиса се превртува на глава.

Друг познат научник кој ги потврди овие теории е Ларс Читка, професор во сензорна и бихејвиорална екологија на Универзитетот Квин Мери во Лондон. По 16 години експерименти, Читка вели дека пчелите можат да покажат посттрауматски стрес откако ќе бидат изложени на лажна тревога. На пример, лажна тревога од роботска рака која изигрува пајак и која по некое време пчелите ќе се научат да ја избегнуваат.

Но, поради стресот тие ќе избегнуваат и други цвеќиња кајшто има тотално различни опасности за нив. Како е можно тоа тие да го знаат?

Објаснето е во книгата „Умот на пчелата“ во 2022 година на Читка.

Тој ги поддржува теориите на Бухман и според нив двајца, да се создаде помалку стресен свет за пчелите не е само прашање на користа што човештвото ќе ја има од тоа, туку прашањето има многу побитна етичка и научна димензија.

А секако, користа што ние ја имаме е дека човештвото ќе преживее ако пчелите преживеат.

Поврзани содржини