📽 НЕМАТЕ ВРЕМЕ ДА СРЕДУВАТЕ ПО ДОМА? Овој робот може да ве замени – чисти, пере и дипли алишта
Рацете на роботот имаат повеќе зглобови, еластични мотори, како и 4 микрофони и вградени звучници за комуникација со луѓето. Плетениот најлон однадвор би требало да ја намали силата на можните удари и влијанија врз опкружувањето и да ја зголеми севкупната безбедност.
Норвешката фирма за роботика „1-Икс“ го претстави својот нов човековиден робот, дизајниран за извршување домашни работи, пишува Лајф сајенс (Live Science).
Роботот Нео Гама (Neo Gamma), инаку покриен со плетен најлон, е двоножен андроид којшто може да ракува со правосмукалка, да пере и да дипли алишта и да прави кафе. Во првото видео, роботот е прикажан и како служи чај, исправа рамка за слика, чисти прозорци и презема намирници, додека луѓето – сопственици ручаат, читаат книга итн. Иако компанијата соопшти дека роботот сѐ уште не е подготвен за продажба и за поширока јавна употреба, овој нов модел е во фаза на ограничено тестирање во неколку домови.
Сето ова ќе им овозможи на инженерите да ги тестираат својствата на навигација, говорните команди и вештачката интелигенција на роботот.
– Не е така далечна иднината кога сите ќе имаме свој робот-помошник дома, како „Рози“ или „Бајмакс“… Човековидните роботи навистина се интегрираат во секојдневниот живот, но мора да продолжат да се развиваат заедно со луѓето, а не во изолација – рече извршниот директор на „1-Икс“, Бернд Берних.
Според него, домот ги обезбедува реалниот контекст и разновидноста на податоците, потребни за роботот да развие интелигенција и самоуправување. Тоа, се вели, го учи и на нијансите во човековиот живот – како да отвора врата за постари, внимателно да се движи околу домашните миленици и да се прилагоди на непредвидливоста на светот околу нив.
„Нео гама“ бил подучуван со користење податоци, добиени од снимање човеково движење, што му овозможило да оди со „природно човечко одење и движење на рацете“, а и со способност за наведнување и со седење на стол.
Рацете на роботот имаат повеќе зглобови, еластични мотори, како и 4 микрофони и вградени звучници за комуникација со луѓето. Плетениот најлон однадвор би требало да ја намали силата на можните удари и влијанија врз опкружувањето и да ја зголеми севкупната безбедност.