НЕМАМ ПРАШОК ЗА ПЕЦИВО, СТАВАМ СОДА БИКАРБОНА? Не е толку едноставно!

Додека прашокот за пециво можете да го користите за приготвување на сите слатки кои бараат таков додаток, содата, ако сакате да предизвика некоја реакција и промена, бара додавање и на нешто кисело.

170

Ако се прашувате дали кога немате прашок за пециво, можете како алтернатива да употребите сода бикарбона, одговорот е, главно не.

Имено, содата ќе реагира кога им се додава на намирници како мед, какао во прав или меласа, додека прашокот за пециво кој во себе содржи киселина ќе реагира уште при допир со обична вода. Патем, тоа е и добар начин да проверите дали е прашокот за пециво во добра состојба. Помешајте лажичка вода со многу малку прашок за пециво и ако се запени, значи дека е добар.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини