НЕМА ЗДРАВО-НЕЗДРАВО, СЛУШАЈТЕ ЈА СВОЈАТА ИНТУИЦИЈА Наместо рестриктивни диети – интуитивна исхрана
Многумина се потпираат на советите на самопрогласени „експерти“ за тоа како, кога и што да јадат, наместо да го слушаат своето тело, интуицијата и медицински заснованите информации.
Колку пати во животот сте држеле диета? И која била причината за тоа? Сакавте да ослабнете, да ги средите вашите навики или пак имавте здравствена причина?
Диетата може да биде меч со две острици. Некои од нив можат да ви помогнат да ја намалите несаканата тежина, други да ви го подобрат здравјето, додека некои можат повеќе да ви одмогнат отколку да ви помогнат.
Како одговор на рестриктивните диети кои не се одржливо решение и честопати доведуваат до „јо-јо“ ефект, во последните неколку години стана популарна интуитивната исхрана.
Каква е оваа исхрана и зошто може да биде добра опција за вас, можете да прочитате во продолжение.
Што е интуитивна исхрана?
Интуитивната исхрана не е класична диета, туку начин на исхрана кој се потпира на човечката интуиција и знаење за сопственото тело и гладта.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.