НЕМА СНИМАЊЕ, НЕМА ПОСВОЈУВАЊЕ Се откажале од посвојување зашто било забрането да го објавуваат детето на Интернет (ВИДЕО)
Инфлуенсери пред неколку години се откажале од посвојување дете бидејќи им кажале дека не можат да го објавуваат на Интернет. Во меѓувреме, добиле свое дете, а раѓањето во живо го пренесувале на својот Јутјуб канал
Инфлуенсерката Ники Филипи има над милион претплатници на YouTube, каде што редовно објавува содржини поврзани со семејниот живот со нејзиниот сопруг Ден. Неодамна предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи бидејќи се дозна дека планирале да посвојат дете од Тајланд, но фактот што нема да смеат да го прикажуваат ова дете во нивните онлајн содржини буквално ги шокирало, поради што брачниот пар се откажал од својата намера.
Иако ова се случило пред неколку години, видеото на Ники и Ден кои зборуваат за тоа неодамна се појави на профилот на Тик-Ток кој често објавува контроверзии за инфлуенсерите. Тоа видео за кратко време стана вирално, а моментално има шест милиони прегледи.
Повеќе за ова, како и двете видеа, можете да ги видите на порталот „Мајка и дете“.