НЕМА ВЕЌЕ БЕСПЛАТНИ ОБРОЦИ ВО ТВИТЕР Илон Маск така ќе заштеди 13 милиони долари годишно
Твитер троши 13 милиони долари годишно за сервисирање на храна за неговото седиште во Сан Франциско. Повеќе луѓе си подготвуваат сами храна отколку што јадат во компанијата. Тие дури и не се мачат да служат вечера бидејќи нема никој во зградата, напиша милијардерот на Твитер, мислејќи на сите оние луѓе кои работеа од дома.
Нема повеќе бесплатен оброк за вработените во Твитер, одлучи новиот газда на компанијата, Илон Маск. Со ова Маск ќе заштеди 13 милиони долари годишно. Тој тврди дека Твитер потрошил 400 долари по појадок во последните 12 месеци за да ги нахрани вработените во своето седиште во Сан Франциско.
„Твитер троши 13 милиони долари годишно за сервисирање на храна за неговото седиште во Сан Франциско. Повеќе луѓе си подготвуваат сами храна отколку што јадат во компанијата. Тие дури и не се мачат да служат вечера бидејќи нема никој во зградата“, напиша милијардерот на Твитер, мислејќи на сите оние луѓе кои работеа од дома.
Маск веќе отпушти 4.400 од 5.000 вработени кои не сакаа да се вратат во канцеларија.
Неодамнешната директорка за недвижнини на Твитер, Трејси Хокинс, која си отиде пред една недела смета дека бројките на Маск не се точни. Таа во твит му одговори дека за појадок биле трошени 20 до 25 долари дневно по човек и дека тоа било битно затоа што им овозможувало на вработените да работат и за време на ручекот и состаноците.
Хокинс рече дека си отишла од Твитер затоа што едноставно не сакала да работи за Маск. Според неа, во канцелариите на Твитер имало 20 до 50 отсто посетеност, а не нула како што тврди новиот газда.