НЕМА БЕГАЊЕ ОД „ДЕТИШТЕТО“ ЕЛ НИЊО Следната година ќе биде најжешка во историјата и не можеме да сториме ништо за тоа!
„Детиштето“ може да донесе суша во Австралија, повеќе дождови во јужниот дел на САД и ќе го ослабне индискиот монсун. Следната 2024 година најверојатно ќе го сруши рекордот на 2016 година како најтопла во историјата.
Луѓето кои не веруваат во климатските промени можеби ќе бидат разбудени од она кое не може да се негира – дека невремето Ел Нињо, во превод „дете“ веќе започна да бучи во Тихиот Океан, а неговото дивеење идната година ќе го постигне ефектот кој климатските активисти сакаа да го одложат барем до 2030 година – а тоа е зголемување на глобалните температури за 1,5 степени и за плус 0,2 степени од оваа критична граница три години порано, пишува Би-Би-Си.
Со други зборови, идната 2024 година ќе биде најтопла досега во историјата, барем откако мериме температура, а ефектите на Ел Нињо ќе се почувствуваат по целата Земјина топка. Да, 2024 година ќе биде потопла и од 2016 година која го држи рекордот по „пеколност“.
El Nino has officially returned and is likely to yield extreme weather later this year. The phenomenon is a result of unusually warm waters in the Eastern Pacific plus a change in wind flow https://t.co/F9Fx8GAZDZ pic.twitter.com/HlsmZgDDcG
— Reuters (@Reuters) June 9, 2023
Настанот најверојатно ќе трае до следната пролет, по што неговите влијанија ќе се повлечат.
– Сега се зголемува, има сигнали во нашите предвидувања веќе неколку месеци, но навистина изгледа дека ќе го достигне својот врв на крајот на оваа година во однос на нејзиниот интензитет -рече Адам Скајф, шеф на долгорочни предвидувања во Обединетото Кралство.
Американските научници потврдија дека Ел Нињо започнал. „Детиштето“ може да донесе суша во Австралија, повеќе дождови во јужниот дел на САД и ќе го ослабне индискиот монсун.
Со месеци, истражувачите беа сè посигурни дека настанот Ел Нињо требаше да се појави во Тихиот Океан. Сега тоа е реалност.
Овој природен феномен е најмоќната флуктуација во климатскиот систем насекаде на Земјата.
Во некои варијанти на преводот од шпански, „Ел Нињо“, освен дете, значи и поконкретно, момче.