НЕКОИ ВЕГАНСКИ СИРЕЊА И ИНДУСТРИСКИТЕ ЛЕБОВИ СЕ ПОЛОШИ И ОД ПРЖЕНАТА ХРАНА Ова се најлошите намирници за вашите црева
Ултра преработената храна веќе има лоша репутација, но еден секојдневен производ често поминува под радарот – индустрискиот леб. Гастроинтестиналниот физиолог Џордан Хаворт предупредува дека многу видови леб од супермаркетите се изненадувачки штетни за цревата.
Храната што некогаш беше резервирана за специјализирани продавници и ентузијасти за здрава храна – како кефир, комбуха, кимчи и кисела зелка – сега се стандардна храна во големите супермаркети.
Причината е јасна: има сè повеќе докази дека цревниот микробиом, сложената заедница на бактерии што ги населува нашите црева има клучно влијание врз варењето и целокупното здравје.
Истражувањата покажуваат дека здравите црева не само што влијаат на имунолошкиот систем и метаболизмот, туку влијаат и на менталното здравје. Не е ни чудо што интересот за темата е на највисоко ниво досега.
Проблемите со варењето се причина за една од осум посети на матичен лекар, а нарушувањата на цревата се во пораст. Само во последните десет години, бројот на случаи на воспалителни заболувања на цревата – вклучувајќи ја Кронова болест и улцерозен колитис – се зголеми за 34 проценти.
Но, колку што е важно да ги храните вашите добри бактерии со пробиотици и пребиотици, подеднакво е важно да знаете која храна да ја избегнувате, предупредуваат експертите.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.