📷 НЕКОИ ПАРОВИ ИМААТ НЕОБИЧНИ ХОБИЈА Трагачи на богатство извлекле „удавен“ сеф со 100.000 долари

Двојката трагачи на богатство Џејмс Кејн и Барби Агостини во петокот фрлиле јаже со магнет во езерото во паркот Флешинг Медоус Корона во Квинс и го извлекле сефот.

383

Двојка трагачи на богатство рекла дека додека пребарувале езеро во Њујорк, со магнети извадиле сеф во кој имало околу 100.000 долари, објави Њујорк пост.

Џејмс Кејн и Барби Агостини во петокот фрлиле јаже со магнет во езерото во паркот Флешинг Медоус Корона во Квинс и го извлекле сефот.






Кога го отвориле, внатре пронашле голема количина банкноти од 100 долари кои биле оштетени од водата. Двојката тврди дека њујоршката полиција им дозволила да ги задржат парите бидејќи пронајдениот сеф не бил поврзан со криминални активности.

– И претходно сме нашле сефови. Кога го извлековме, најдовме огромна сума пари во него. Бевме шокирани. Видовме дебели снопови банкноти. Секако, тие беа влажни и доста оштетени. Немаше лични документи во сефот, така што е невозможно да се најде сопственикот – изјави Кејн.

Кејн и Агостини почнале со магнети да трагаат по богатство за време на пандемијата на Ковид-19. Досега велат дека пронашле гранати од Втората светска војна, пушки од 19 век и мотоцикл.

Поврзани содржини