НЕКОГАШ ГО НАРЕКУВАЛЕ ХРАНА НА БОГОВИТЕ Што е марципан и како да го направите сами?
Според содржината на бадемите, постојат 2 вида марципан – оној кој содржи 30% бадеми и вистинскиот, домашен марципан, кој содржи 50% бадеми. Германскиот град Либек пак, е особено познат по производството на најквалитетниот марципан во светот кој содржи дури 70% бадеми. Квалитетот на марципанот се мери и според количината на шеќер во него, колку помалку, толку подобро.
Марципанот e познат деликатес кој некогаш го нарекувале „храна на боговите“. Се прави од маса за марципан и шеќер или мед, и се користи за правење најразлични облици. Марципанската маса се прави од бадеми, такашто се мелат и како резултат на тоа се добива фина паста. Може да се купи готов или да го направите сами дома на едноставен и брз начин.
Доколку сакате да дознаете што е марципан, кога и каде е создаден, за што се користи и рецепт со кој можете сами да го направите, продолжете со читање на овој текст.
За историјата на марципанот, неговиот состав, употребата, како и рецепт за домашен марципан, прочитајте на „Арт кујна“.