НЕКОЈ 300 ПАТИ ГО ПОТПЛАЌАЛ БРИСЕЛ? Политико ги објави досиејата Катаргејт за случајот во кој беше обвинета и Ева Каили
Земјите Катар, Мароко и Мавританија пробале да го подмитат врвот на ЕУ. За скандалот се дозна пред една година, кога во драматични полициски акции беа пронајдени вреќи со пари во домот на европратеници. Плуснфо пишуваше дека во случајот е вмешана и солунчанката Ева Каили, која набрзо по обвинението беше отстранета од функцијата потпретседателка на парламентот.
Четири милиони евра биле потрошени во криминалот во скандалот Катаргејт кој ја тресе Европската унија. Политико го објави годишниот извештај на полицијата, а според медиумот имало повеќе од 300 обиди да се поткупат властите во Брисел.
Овие обиди биле снимени во текот на четири години, а клучни осомничени се поранешниот европратеник Пјер Антонио Панцери и неговиот помошник Франческо Џорџи. Овие двајца, според досието, имале цела своја мрежа на „војници“ кои за хонорар им помагале да ги постигнат целите.
Земјите Катар, Мароко и Мавританија пробале да го подмитат врвот на ЕУ. За скандалот се дозна пред една година, кога во драматични полициски акции беа пронајдени вреќи со пари во домот на европратеници. Плуснфо пишуваше дека во случајот е вмешана и солунчанката Ева Каили, која набрзо по обвинението беше отстранета од функцијата потпретседателка на парламентот.
Политико пишува дека работите за кои биле подмитувано се значителни одлуки на ЕУ. Се работи за шест резолуции на парламентот кои требало да се уништат. Една од резолуциите го осудува Катар за кршење човекови права, а друга резолуција предвидува безвизно патување меѓу Доха и ЕУ.

„Но, операциите би можеле да бидат и ситни: Франческо Џорџи еднаш забележа дека секој примерок од една непријатна книга за Катар што може да се најде во Парламентот е ревносно „уништен“, продолжува написот.
Џорџи и Панцери исто така го искористиле тоа што претставниците на Катар, Мароко и Мавританија не знаеле точно како функционира европарламентот. Тие успеале да ги излажат подмитувачите дека имаат големо влијание, иако тоа не е реално така.
Џорџи пред полицијата признал дека тој и неговиот шеф понекогаш им кажувале на своите плаќачи за операции врз кои тие немале практично влијание, бидејќи Панцери погрешно го претставил степенот на неговата моќ да ја обликува работата на Парламентот, според документите.
Дури, самиот список на активности кој Панцери и Џорџи им го презентирале на митаџиите во форма на табела, според еден извор, не е веродостоен, односно бил дизајниран да го зајакне имиџот на Панцери.
Една од операции направени во 2021 година имала за цел назначување на висок полициски функционер од Обединетите Арапски Емирати, Насер Ал-Раиси, за нов претседател на Интерпол.
Друга операција била насочена кон Саудиска Арабија, која ги прекина дипломатските и економските односи со Катар. Панцери и Џорџи му наплатиле на Катар за пакет акции, вклучувајќи серија твитови и филмски проекции во врска со убиството на саудискиот колумнист Џамал Кашоги, филмови кои остро ја осудуваат одговорноста на Ријад за убиството.
Кога станува збор за одбрана на Мароко, Панцери и Џорџи се гордееле со усвојувањето на парламентарната резолуција против Алжир, за која рекле дека ќе биде од корист за Мароко.
Меѓу земјите Мавританија имала цел да го подобри нејзиниот јавен имиџ. Табелата на Џорџи сугерира дека групата работела на обидот да спречи активист против ропството, кој направи непријатели во владата на Мавританија, да ја добие престижната награда на ЕУ за човекови права „Сахаров“.
Некои европратеници се сомневаат дека случајот не е доволно истражен и дека се заташкува. Даниел Фројнд, европратеник на германските Зелени побара внатрешна истрага. На ова му одговори портпаролот на европарламентот кој рече дека институцијата не може сама да спроцеде таква истрага, но дека претеседателката Мецола „лично ја олеснила истрагата“ со тоа што присуствувала на претресите на двајца белгиски европратеници како што бара белгискиот Устав.