НЕКА ЗАПОЧНАТ ИГРИТЕ! Повик за зрели претприемачи со зелени идеи

Од здружението АРНО информираат за почеток на натпреварот „Зелени идеи“ и ги повикуваат сите кои имаат зелена идеја или веќе постоечки зелен бизнис да се пријават. Од агро-бизниси со локална храна, производство на песто од македонски босилек, еко-понуди за туристи, дигитални решенија, еко-иновации или решенија што претвораат отпад во корисни предмети…. Минатата година, регионална награда доби токму македонски изум – мобилен шпорет за готвење во природа.

28

АРНО го отвори повикот за 11-тото издание на националниот натпревар „Зелени идеи“, кој ќе трае до 27-ми август 2025 година. И оваа година се повикуваат сите кои имаат иновативна идеја или веќе постоечки зелен бизнис да се пријават и да се натпреваруваат за поддршка. Секоја година, тројца претставници од секоја земја се натпреваруваат на регионално ниво, за финансиска поддршка од 10.000 или 5.000 долари.
Натпреварот во Македонија, 11-та година по ред, го организира АРНО, со поддршка од МКА2000 (вредносни ваучери за консултантски услуги од сертифицирани консултанти), Македонија 2025 (бесплатна регистрација на Connect2MK и менторски услуги) и Стопанската комора на Северо-западна Македонија (двегодишно бесплатно членство). На тројцата национални победници, АРНО ќе им додели ваучер за полугодишно користење на ChatGPT Plus.
Во изминатите десет години, преку регионалните награди се инвестирани над 100.000 американски долари во македонски зелени бизниси. Натпреварот ги поддржува оние идеи кои имаат потенцијал да донесат еколошка и социјална вредност, како и економска одржливост.

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини