НЕКА ПОСКАПИ СЀ, АМА БУРЕКОТ И ЈОГУРТОТ НИКАКО! Сопственичка на фаст-фуд во Хрватска е осудена заради поскапување на омилените производи
Откако во Хрватска куната му го отстапи местото на еврото, граѓаните се жалат дека повеќето цени се заокружуваат на повисоката, па генерално, сѐ е поскапо отколку претходно. Но, кога станува збор за бурек и јогурт, правдата е брза
Сопственичка на ресторан за брза храна од Славонски Брод е прогласена за виновна и е осудена заради покачување на цената на бурекот за 1,58 куни и на јогуртот за 1,27 куни. Пресудата е правосилна, пренесуваат медиумите во регионот.
Како што утврдила туристичката инспекторка, таа ги покачила цените по воведувањето на еврото, односно во периодот од 1 до 18 јануари годинава, пишува „Даница.хр“.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.