НЕИЗВЕСНА СУДБИНАТА НА СУРОГАТ МАЈКИТЕ И БЕБИЊАТА ВО КИЕВ Родителите-нарачатели не можат да стигнат до децата за кои платиле 90.000 евра

Мајки под гранати и сирени родиле 390 деца во Киев, но за жал, бебињата кои ги родиле сурогат мајки не можат да дојдат до своите родители. Нешто слично се случуваше и пред две години кога границите беа затворени заради короната, но тогаш барем имаше мир

308

Пред две години, светските медиуми објавија дека во Киев, Украина, во еден хотел се наоѓаат речиси 50 сурогат-бебиња чии родители од Велика Британија, од САД, од Италија, од Германија, од Романија и од други земји не можат да дојдат да си ги земат затоа што границите се затворени поради ковид-19.

Сега, две години подоцна, ситуацијата е уште потешка. Додека Украина крвари, додека луѓето гинат, а народот бега од ужасите на војната, се раѓаат нови животи во засолништата, подрумите и метрото. За време на руската инвазија на Украина, во нејзиниот главен град се родени 390 бебиња, соопшти Министерството за здравство на градот Киев.






„Ова се сосема нови жители на Киев кои се родени во осум дена војна! Досега се родени 390-199 момчиња и 191 девојче, но ние сме подготвени да ги запознаеме и следните! Децата во главниот град се родени за да живеат, да ја создаваат иднината на Украина! Нека се здрави и среќни и нека растат под мирно небо и светло сонце“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство на градот Киев.

Овие новородени бебиња имаат среќа бидејќи веднаш по раѓањето се ставаат во прегратките на нивните мајки. Што е единствено нормално и природно. За жал, некои новороденчиња од Украина се лишени и од тоа.

Повеќе за заборавените сурогат мајки на Украина прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини