НЕДОСТАТОКОТ НА ОВОЈ МИНЕРАЛ ПРЕДИЗВИКУВА АРИТМИЈА И ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ Топ 5 намирници богати со магнезиум!

Недостатокот на магнезиум може да предизвика сериозни симптоми како што се замор, грчеви во мускулите, конфузија, зуење во ушите и срцева аритмија. Овие пет намирници се толку богати со овој минерал што треба да ги вклучите во вашето мени.

900

Иако сме повеќе фокусирани на внесот на витамини и антиоксиданти и минералите играат многу важна улога во функционирањето на нашето тело. Честиот дефицит на одредени минерали може да предизвика загрижувачки симптоми, кои се рефлектираат во функцијата на органите. И додека панично размислуваме за најлошите сценарија, понекогаш одговорот лежи токму во недостатокот на магнезиум, калиум или железо.

Од наведените минерали, магнезиумот е најнестабилен и нашето тело најмногу го троши. Поради зголемена физичка активност, почесто потење, ментален напор или стрес, едноставно исчезнува со голема брзина. Ако на тоа се додаде и неправилната исхрана и честото консумирање алкохол, очигледно е дека треба да се внимава на внесот на магнезиум.






Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини