НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 3 ДО 9 АПРИЛ На Лавот му недостасува љубов, многу важна недела за Раковите

На Стрелецот ќе му недостасува возбуда во врската, Девицата не е сигурна во љубовта од партнерот.

1,285

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.

Овен (21.3 – 20.4)






Работа: Морате да работите со Рак иако тој за вас е тешок соработник. Проектот ќе мора да биде финиширан без оглед дали тоа ви се допаѓа.

Љубов: Весели сте и секогаш сте подготвени за добар помин. Поради својата позитива енергија сите пријатели и саканото лице ќе бидат покрај вас.

Здравје: Зголемен крвен притисок.

Бик (21.4 – 21.5)

Работа: Одлична енергија оваа недела. Поради тоа можете да очекувате значителен напредок на деловен план.

Љубов: Незадоволство во врската, можна е и разделба.

Здравје: Болка во зглобовите.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Работа: Не се надевајте дека ќе можете да се извлечете од нередот за кој самите сте виновни. Колегите ќе ве забележат дека камуфлирате нешто.

Љубов: Доколку сте во врска со Вага, Бик или Шкорпија можете да очекувате некој важен чекор или случување.

Здравје: Одлично.

Рак (22.6 – 22.7)

Работа: Ова е многу важна недела за сите Ракови. Ќе доживеете големи деловни промени.

Љубов: Можно е дека ќе морате да се изборите за љубовта на една личност. Бидете трпеливи, не се откажувајте.

Здравје: Нервоза, напнатост и стрес.

Лав (23.7 – 22.8)

Работа: Ќе имате одлични идеи и предлози. Другите ќе ве сметаат за иноватор и ќе ви бараат совет за речиси се.

Љубов: Одлично се чувствувате во друштво на пријателите. Ќе сакате слободното време да го поминете со семејството, но сепак ви недостасува и љубов.

Здравје: Направете систематски преглед.

Девица (23.8 – 22,9)

Работа: Можно е дека оваа недела ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака. Посоветувајте се со личност родена во знакот на Бик.

Љубов: Не сте сигурни во љубовта на партнерот, а ќе ја проверувате постојано, но внимавајте тоа може да му здосади на партнерот.

Здравје: Можни се проблеми со очите.

Вага (23.9 – 22.10)

Работа: Доколку барете работа, можете да очекувате конкретна понуда околу средината на неделата.

Љубов: Сите Ваги кои барале промена на љубовното поле ќе ја доживеат таа промена оваа недела.

Здравје: Чувствителна глава и врат.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Работа: Доколку имате проблем на работа, послушајте го советот на некоја Вага. Тој совет многу ќе ви помогне.

Љубов: Иако би сакале малку повеќе возбуда во врската, оваа недела ќе пројдете без големи проблеми.

Здравје: Можни се повреди

Стрелец (23.11 – 21.12)

Работа: Деловната промена ќе се случи кај лицата со униформи. Останатите ќе имаат вообичаена работна недела.

Љубов: Ќе ви недостасува возбуда во врската. Посмелите ќе стапат во тајна врска.

Здравје: Проблеми со респираторните органи

Јарец (22.12 – 20.1)

Работа: Можете да очекувате значителна помош од соработниците со кои некогаш сте соработувале.

Љубов: Одлична недела за врска со лицата од воздушните знакови, Вагата има најголема предност.

Здравје: Внимавајте на крвниот притисок.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Доколку сакате некоја промена на деловен план, ве советуваме да го послушате советот на еден Близнак.

Љубов: Одлично се согласувате со партнерот доколку тој е роден во знакот на Бик, останатите ќе имаат мали и слатки караници.

Здравје: Премногу се грижите за неважни работи.

Риби (20.2 – 20.3)

Работа: Се грижите поради своите финансии. Имате чувство дека не можете да составите крај со крај и не сте далеку од вистината.

Љубов: Сакате да го пронајдете своето мирно пристаниште и скривалиште. Мали се шансите дека тоа ќе се случи оваа недела.

Здравје: Зголемен стрес.

Поврзани содржини