НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 26 ЈУНИ ДО 2 ЈУЛИ Бикот го покажува својот потенцијал, пред Лавовите доаѓаат предизвици
Раковите се задоволни со финансиите, Стрелците уживаат да бидат со саканата личност.
Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.
Овен (21.3 – 20.4)
Работа: Ќе се побуните против авторитетот, затоа подгответе убедливи аргументи во своја одбрана. Не се задоволувајте со расправии! Со мирен тон ќе ги освоите оние кои вообичаено не ви ја покажуваат својата наклонетост.
Љубов: Срцето ќе почне побрзо да ви чука во близина на привлечна личност, која ќе ви остави траен впечаток. Ако завршите во нејзините прегратки, тоа ќе биде она за што сте сонувале. Доколку сте во врска, вашиот партнер би можел да изрази желба за заеднички живот, брак.
Здравје: Сè уште сте психички напнати, поради што може да имате главоболки.
Бик (21.4 – 21.5)
Работа: Меркур во Рак ќе ви помогне да донесувате одлуки или да соработувате. Некои кратко време ќе бидат далеку од матичната компанија. Можеби работните задачи ќе ги извршувате во друг град, односно ќе бидете на „терен“.
Љубов: Доколку сте во сериозна врска, можеби ќе почувствувате импулс да се оттргнете од родителите и да започнете независен живот со партнерот. Многумина ќе бидат изненадени од вашата одлука, но само вие ќе знаете дека тоа е одлука на вашето срце и дека е вистинската.
Здравје: Станувате премногу нервозни.
Близнаци (22.5 – 21.6)
Работа: Ќе ги имате вистинските информации во вистинско време, ќе бидете разноврсни и добро информирани, што шефовите ќе го забележат. Вашата заработка ќе почне да се подобрува, а можен е и трансфер на подобро работно место.
Љубов: Искористете ја секоја прилика за забава или излегување со партнерот. Околината ќе ви биде поволна, а личноста од спротивниот пол, која ви е при срце, ќе се чувствува подредена во ваше присуство. Слободни, свртете се, организирајте се, излезете некаде.
Здравје: Исфрлете ги колачите и слатките од исхраната
Рак (22.6 – 22.7)
Работа: Благодарение на Меркур во вашиот знак, ќе станете подиректни и поефикасни. Можете да направите многу, особено да го надоместите пропуштеното порано – сега околностите се зрели за промена!
Љубов: Љубовните почетоци ќе зрачат сериозно. Стабилноста и издржливоста на емоциите, како и дозата на одговорност, ќе бидат еден вид императив. Ова особено се однесува на оние кои се во врска, па нема да биде необично доколку партнерот ве запроси и предложи заеднички живот.
Здравје: Имате многу негативна енергија, потрошете ја.
Лав (23.7 – 22.8)
Работа: Деловните настани оваа недела ќе бидат главниот извор на стрес и нервоза. Ќе работите многу, роковите ќе ве притискаат, а нема да се согласувате баш најдобро со претпоставените и колегите.
Љубов: Кавгите и расправиите ќе исчезнат во вашиот брак. Ова е недела на обновена страст, големи помирувања и нови почетоци за вас. Слободните ќе покажат зрелост и темелност во љубовните одлуки и потреби. Безболно ќе ја раскинете врската која ве заморува.
Здравје: Најмногу ве нервираат плановите кои не се остваруваат.
Девица (23.8 – 22,9)
Работа: Планетарниот поредок навестува успех на работните места поврзани со медиумите, услужните активности и воопшто интелектуалната работа. Подгответе се за фактот дека вашата работа ќе бара и психофизички напори.
Љубов: Доколку вашата врска е во криза, ненадејна и непланирана средба ќе биде доволна за да запали искра на страст, а вие неочекувано ќе се најдете во прегратките на друга личност. Некои од вас можеби ќе ја обноват старата врска и ќе уживаат во повторното откривање на заборавените страсти.
Здравје: Избегнувајте мрсна храна, чоколадо и слатки воопшто.
Вага (23.9 – 22.10)
Работа: Ова ќе биде недела на привремени тешкотии. Околностите ќе ја тестираат вашата решителност и ќе ве изложат на зголемен опсег на дневни обврски. Доколку ги прифатите како предизвик, ќе се разбудат вашиот деловен дух и амбиции.
Љубов: Љубовната среќа ќе ве придружува, а особено ќе бидете полни со емотивна самодоверба доколку сте новозаљубени. За некои од вас долгогодишниот пријател би можел да почне да значи сѐ повеќе и повеќе, па ќе бидете изненадени од длабочината на чувствата и меѓусебното сочувство.
Здравје: Бидете внимателни со грбот.
Шкорпија (23.10 – 22.11)
Работа: Ќе почувствувате потреба да го проширите своето знаење, затоа посетете курсеви за странски јазици, компјутерски науки и се што може да ви го подобри животот. Ќе бидете неверојатно остри, а вашата концентрација добро ќе ви служи.
Љубов: Слободните ќе се најдат во виор од нови можности, иако може да се случи исполнувањето на љубовните соништа и фантазии да го најдат во зафатена личност. Покажете поголема толеранција во новите врски. Не дозволувајте туѓите мислења и очекувања да ве оптоваруваат.
Здравје: Можни се проблеми со несоница.
Стрелец (23.11 – 21.12)
Работа: Нагласеното поле за пари силно ќе ве насочи кон прашања поврзани со кредит или заработка. На некои конечно ќе им бидат вратени заостанатите плати или хонорари, што ќе ве направи многу среќни.
Љубов: Слободните имаат прекрасни можности и нови љубови, особено родените во ноември. Ако одите да посетите некој близок кој живее во странство, ќе доживеете несекојдневни моменти на среќа и задоволство кои ќе ги оживеат сите ваши емотивни сетила.
Здравје: Вистинско време е да ја започнете борбата со вишок килограми.
Јарец (22.12 – 20.1)
Работа: Се помалку ќе ве вознемирува или ќе ве интересира политиката на компанијата во која работите. Исполнување ќе најдете во посебни преокупации и интереси, но интензивното деловно темпо и стрес сепак наметнуваат поинаков ритам.
Љубов: Ќе го барате виновникот кај партнерот за вашето незадоволство и пад на емотивниот ентузијазам. Зголемена е можноста за раздор во бракот. Спротивната страна би можела да ве налути со нивното однесување, а вие нема да бидете свесни колку сте ги навредиле.
Здравје: Може да се појават проблеми со грлото или синусите.
Водолија (21.1 – 19.2)
Работа: Деловните настани ќе бидат доста разновидни. Честопати ќе морате да извршувате неколку работи истовремено, па ќе ви биде малку време. Вашите шефови може да ве префрлат на нова работа.
Љубов: Од партнерот ќе очекувате многу простор и слобода. Доколку другата страна не ве сретне и почне да ви приговара да излезете со пријателите, ќе се побуните и ќе започнете расправија. Слободните ќе имаат среќа во освојувањето, а новата врска ќе биде полна со страст.
Здравје: Несмасни сте и расеани, што ве прави склони кон падови и повреди.
Риби (20.2 – 20.3)
Работа: Ќе добиете можност да го изразите својот креативен потенцијал. Периодот е поволен за работни места поврзани со забава, мода, литература или маркетинг. Работите напорно и се исцрпувате, но постигнувате одлични резултати!
Љубов: Омилените планети ќе ве даруваат со љубовна среќа. Во период сте на стекнување нови љубови, предлози за брак и можна бременост, особено родените во февруари. Се зголемува и вашиот социјален живот, па ќе бидете добредојдена личност на многу забави.
Здравје: Бидете физички активни и внимавајте со исхраната.