НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 25 ФЕВРУАРИ ДО 2 МАРТ Близнаците запознаваат интересен Лав, Вагите ги мачи партнерот

Рибите очекуваат бурен емотивен период, добра вест за Вагите им се подобруваат финансиите.

3,101

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и какво ќе биде вашето здравје.

Овен (21.3 – 20.4)






Работа: Однесувањето на постар соработник, на почетокот на неделата, може да ви се појави како причина за нерешлив проблем. Иако не сте некој што знае да забави и да го „повлече чкрапалото“, се советува внимателност кога се договарате за нов, профитабилен проект. Аспектот помеѓу силниот Марс на 11-ти степен Водолија и подеднакво силниот Јупитер на 11-тиот степен Бик, на крајот од периодот, носи ненадејна промена на плановите.

Љубов: Астероидите Амор и Ерос во вашиот знак и спојот на љубовните планети, Венера и Марс во Водолија, ве прават магнет за спротивниот пол и ви носат нови средби и познанства. Зафатениот Овен очекуваат турбулентен период во врската со саканата личност, која ќе биде склона кон претерување и драматични реакции.

Здравје: Намалете го внесот на шеќер.

Бик (21.4 – 21.5)

Работа: Иако вашата практичност и трпение секогаш мора да доаѓаат до израз, оваа недела треба да бидете подготвени за изненадувања кога се во прашање финансиите. Во средината на периодот можни се конфликти со претпоставените. Со поддршка на Бикот и Рибите, во втората половина од периодот ќе успеете да ги решите проблемите поврзани со документацијата неопходна за реализација на вашите замисли.

Љубов: Предизвикувачката положба на вашиот владетел Венера и Марс, оваа недела, носи раскинување или привремено одвојување од партнерот. Некој близок ќе се обиде да ви ги наметне своите ставови во средината на периодот. Слободните Бикови тешко дека ќе останат имуни на шармот на старата љубов што ќе ја сретнат во ресторан во близина на водата.

Здравје: Пешачете повеќе.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Работа: Секогаш сте таму каде што нешто се случува и секогаш знаете каде што се случува. Аспектите на вашиот владетел Меркур во астролошкото поле на кариерата, ви носат можност да заработите пари преку договори со луѓе од прекуокеанските земји. Позицијата на Месечината, која владее со вашите финансии, околу 26 февруари е поволна за склучување договор, доколку се занимавате со креативен или спортски бизнис.

Љубов: Еротската спојка на Марс и Венера на астролошкото поле на љубовта ја поттикнува вашата немирна, љубопитна природа, која може да ви донесе проблеми во односот со саканата личност. На слободните Близнаци може да им се допадне динамичен, шармантен Лав кој им влева доверба со својот ентузијазам. Средба со стара симпатија.

Здравје: Избегнувајте монотона исхрана.

Рак (22.6 – 22.7)

Работа: Поволните аспекти на Сонцето, кои управуваат со вашите финансии, во овој период ви носат неочекувани придобивки преку соработката со поранешните партнери. Во желбата да ги надминете пречките, често ги преценувате своите можности, но оваа недела ќе мора малку да забавите. Слушајте ги советите од Риби или Шкорпија. Во почетокот на март обидете се да бидете потолерантни кон соработниците.

Љубов: Поради својата романтична природа, често од партнерот го очекувате невозможното. Во првиот дел од периодот можни се конфликти во домот и семејството. Поради положбата на вашиот владетел Месечината во астролошката куќа на љубовта, кон средината на неделата, слободните Ракови тешко ќе ги сокријат чувствата кон една Шкорпија.

Здравје: Избегнувајте мрсна храна и газирани пијалоци.

Лав (23.7 – 22.8)

Работа: Деловните аспекти на Венера, владетелот на вашата кариера, во овој период ви носат зголемување на приходите, но и вонредни трошоци. Позицијата на Меркур, планетата која владее со вашата работа и планови, влијае на прецизното дефинирање на вашата вклученост во проект со странци. Во вториот дел од неделата добивате понуда за профитабилен ангажман, доколку сте присутни во јавноста после работа.

Љубов: Зафатени Лавови ќе разговараат за значајните промени во нивниот заеднички живот со својата сакана оваа недела. Иако слободните Лавови имаат армија обожаватели, тие можат да се најдат во ситуација да ја прекинат новоотпочната врска поради неочекувани околности. Вашата самоуверена изведба може да го шармира Близнакот.

Здравје: Намалете ги оброците.

Девица (23.8 – 22,9)

Работа: Секогаш ги гледате работите во реално светло бидејќи со вашата кариера и углед владее Меркур, планетата на логиката и разумот. Оваа недела и покрај одложувањето на некои планови или реализацијата на работата, ве очекува само успех. На финансиски план ќе има осцилации – од солидна заработка до непланирани трошоци, доколку занимањето ви е поврзано со медиумите, маркетингот, ИТ секторот.

Љубов: Со вашиот емотивен живот владеат планети со спротивен ефект, Сатурн и Уран, како и Венера, па не е ни чудо што е главно комплицирано. Во овој период, на слободните Девици им се дава можност да стапат во врска со малку дрска, непредвидлива, но шармантна личност. Зафатен, тој очекува да запознае стара љубов.

Здравје: Дигестивни проблеми.

Вага (23.9 – 22.10)

Работа: Финансиската состојба се подобрува оваа недела, но сѐ уште не е онаква каква што би сакале. Покрај бизнис планот и консултациите околу вложување пари во нови проекти, имате и вонредни трошоци. На крајот на февруари, неврзан разговор со личност што сте ја запознале ви носи шанса за долгорочен договор. На крајот на периодот погрижете се за документацијата.

Љубов: Со вашиот љубовен живот управуваат дури четири планети, Марс, Плутон, Уран и Сатурн, што го прави интересен, но хаотичен. Оваа недела самците Ваги нема да имаат среќа да запознаат интересна личност и да се развијат во врска. Зафатените Ваги очекуваат проблеми во односите со партнерот поради неговата посесивност.

Здравје: Избегнувајте брза храна.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Работа: Кога размислувате за нешто, морате да го остварите, дури и на ваша штета. Марс заедно со Венера, планетата на парите, „побегнаа“ од вашиот владетел Плутон, па оваа недела полесно ќе дишете и ќе реализирате некоја од вашите замисли. Во средината на периодот, со Месечината во вашиот знак, ќе имате можност да ја покажете вашата креативност и дарба за организација.

Љубов: Владетелот на партнерските односи, Венера, во вашата куќа на љубовта, не е баш во завидна положба, бидејќи прави напнат аспект со непредвидливиот Уран. Затоа оваа недела поради вашата посесивност и љубомора ќе бидете склони кон непромислени потези, кои нема да му се допаднат на вашата сакана.

Здравје: Подложност на инфекции.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Работа: Вашиот самостоен дух не трпи никакви ограничувања, но оваа недела ќе мора да научите дисциплина. Само така ќе ја искористите наклонетоста на вашиот владетел Јупитер, односно луѓето кои ве поддржуваат, како и среќните околности за да го постигнете она што го сакате. На крајот на периодот, Месечината влегува во вашиот знак и прави секстил со Плутон, што ви носи зголемување на приходите преку странците.

Љубов: Добрите аспекти на Меркур, одговорни за вашиот емотивен живот, во овој период, на слободните Стрелеци им даваат можност да запознаат интересна личност преку Интернет. Сепак, со оженет или долгогодишен партнер ситуацијата е веќе поинаква, бидејќи ќе се сомневаат во неговата искреност и затоа неговата верност.

Здравје: Останете подалеку од висококалорична храна.

Јарец (22.12 – 20.1)

Работа: Оваа недела ќе имате можност да се истакнете во некој важен проект или социјален ангажман. Кога ќе преземете некоја работа, таа може да се смета за завршена, па ни проблемите со документацијата, во средината на периодот, нема да ве поколебаат или спречат. Позицијата на Месечината на крајот на неделата поволно влијае на реализацијата на вашите планови во однос на медиумите и странците.

Љубов: Минливото нерасположение на почетокот на периодот ќе отстапи место за романтична средба со Бик, што има смисла и за романтичната и за практичната страна на животот. Позицијата на Венера, која управува со вашиот емотивен живот, на слободните Јарци им носи бројни средби и познанства, најмногу преку деловни контакти.

Здравје: Ослободете се од лошите емоции кои ви ја трошат енергијата.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Верувате дека промените кои сакате да ги воведете на работа се навистина неопходни, но прашање е дали ќе успеете да ги убедите претпоставените во овој период. Без разлика, во средината на неделата ќе имате можност да воспоставите контакт со луѓе преку кои ќе ја реализирате идејата за која долго сонувавте. Треба да го земете предвид советот на еден Лав.

Љубов: Со вашето астрлошко поле на љубовта управува брзиот, љубопитен, променлив, шармантен Меркур, кој формира претежно добри аспекти оваа недела, привлекувајќи токму такви личности во вашиот живот. Вашиот сопружник очекува да покажете поголема толеранција кога станува збор за работи важни за вашата врска.

Здравје: Отекување на нозете.

Риби (20.2 – 20.3)

Работа: Благодарение на вашата вродена интуиција и зголемениот сензибилитет, лесно гледате низ другите, што ќе се покаже како вашето најсилно оружје во наредниот период. Непогрешливо ќе почувствувате каде ве чека успехот. Аспектите на вашите владетели Нептун и Јупитер, ви носат пари преку интелектуални активности, трговија со храна, недвижнини, патувања.

Љубов: Нагласените емоции често ве водат во вистинско љубовно страдање, со кое често не можете да се справите. Нагласениот знак на Водолија, во кој „паѓа“ астролошкото поле на работа и љубов, оваа недела навестува турбулентен емотивен живот. Ќе има разделби и раскинувања, но и слатки помирувања, вистинска турска серија.

Здравје: Подложност на вирусни инфекции.

Поврзани содржини