НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 НОЕМВРИ Љубомората го тресе Лавот, Близнаците влегуваат во нов договор

Водолијата со стрес и разочарувања, а Девицата со ненадејни успеси во приватниот бизнис

0

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, во вашиот дом и семејство, дали ќе се сложувате со вашето семејство и пријатели, како ќе ви служи вашето здравје.

Овен (21.3 – 20.4)






Фото: Pixabay

Работа: Немате причина за грижа на деловен план — очекувајте финансиска поддршка и поволен развој. Можно е да добиете дополнителна помош од колега или надреден, што ќе ви го олесни завршувањето на обврските. Ова е недела во која ќе почувствувате дека конечно работите се движат во посакуван правец.

Љубов: Голема блискост со саканото лице. Можно е да донесете важна заедничка одлука или да планирате нешто што ќе ве зближи уште повеќе. Оние што се сами може да воспостават комуникација со личност која долго им се допаѓа.

Здравје: Внимавајте на циркулацијата, особено на студено време.

Бик (21.4 – 21.5)

Фото: Pixabay

Работа: Неповолна недела за напредување или разговори со претпоставените. Избегнувајте конфликти и чекајте подобар момент за иницијативи. Можна е и мала административна грешка, па проверувајте внимателно што потпишувате.

Љубов: Чувствувате емотивен притисок и незадоволство. Разговор со партнерот може да ја смири ситуацијата, но потребно е и вие да кажете што ве мачи. Слободните Бикови може да сретнат многу харизматична, авантуристичка личност која ќе ги освои веднаш.

Здравје: Проблеми со грбот и урогениталниот тракт, потребен е одмор.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Фото: Pixabay

Работа: Посветени сте, а неделата е идеална за нов договор, проширување или ново партнерство. Можен е и состанок кој ќе ви отвори долгорочни можности. Добро ви оди секоја задача што бара комуникација.

Љубов: Ладни сте и помалку дистанцирани. Партнерот може да се пожали дека не сте присутни доволно. Обидете се да најдете баланс меѓу работа и приватен живот.

Здравје: Вкочанетост во грбот и вратот, избегнувајте долгo седење.

Рак (22.6 – 22.7)

Фото: Pixabay

Работа: Мирување на полето на обврските, идеален период за одмор. Но внимавајте со документација, можно е да ви се провлече грешка ако сте премногу опуштени.

Љубов: Емоциите не ви се стабилни. Ако сте во врска, лесно може да реагирате повредено. Ако сте слободни, важно е да не брзате со нови односи.

Здравје: Општо добро, но избегнувајте храна која ви создава тежина.

Лав (23.7 – 22.8)

Фото: Pixabay

Работа: Иако сте максимално ангажирани, резултатите доцнат. Не очајувајте — викендот носи подобра енергија. Можно е менување на план или деловна стратегија.

Љубов: Чувствувате љубомора или несигурност. Разговор со партнерот ќе ги расчисти дилемите. За слободните Лавови, можно е повторно појавување на личност од минатото.

Здравје: Омалаксаност, недостиг од енергија, потребен е сон.

Девица (23.8 – 22,9)

Фото: Pixabay

Работа: Приватниот бизнис или самостојните проекти цветаат. Ова е недела за успех, нови клиенти и договори. Вашата аналитичност носи големи резултати.

Љубов: Тешко ги покажувате емоциите. Партнерот може да помисли дека сте се дистанцирале — покажете малку повеќе топлина.

Здравје: Нагли осцилации на крвниот притисок, избегнувајте стрес.

Вага (23.9 – 22.10)

Фото: Pixabay

Работа: Многу поволен период, особено во финансиски дел. Може да добиете бонус или неочекуван прилив. Убави вести ве мотивираат дополнително.

Љубов: Ситуацијата е стабилна. Партнерот ви посветува многу внимание, а вие тоа одлично го прифаќате.

Здравје: Одлично здравје и енергија.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Фото: Pixabay

Работа: Фаза на финансиска стабилизација. Дел од напорите конечно даваат резултати. Добро време за решавање заостанати обврски.

Љубов: Убави моменти со саканиот, но внимавајте на комуникацијата со семејството, можни се мали недоразбирања.

Здравје: Добро, но избегнувајте тешка храна доцна навечер.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Фото: Pixabay

Работа: Промени во финансиите, ќе имате и добивки и трошоци. Од вас ќе се бара брза одлука, но бидете внимателни со инвестиции.

Љубов: Стабилно, но чувствувате празнина која не знаете од каде доаѓа. Можно е да ви недостасува повеќе романтика или адреналин.

Здравје: Здравствено стабилни, но избегнувајте прекумерно кафе.

Јарец (22.12 – 20.1)

Фото: Pixabay

Работа: ППроверувајте ги сите информации — можно е некој да ви даде неточни податоци или да се потпрете на погрешна проценка.

Љубов: Новото познанство ви буди силни емоции и ви носи свежа енергија. За оние во врска — можно е продлабочување на односот.

Здравје: Внимание на грлото, можна краткотрајна инфекција.

Водолија (21.1 – 19.2)

Фото: Pixabay

Работа: Стресен период, особено поради неисполнети очекувања. Можно е и мало разочарување поради туѓ пропуст.

Љубов: Немате доволно сила за партнерот. Почувствувајте се слободни да побарате време за себе.

Здравје: Мигрена, вртоглавица, намалете напор и екрани

Риби (20.2 – 20.3)

Фото: Pixabay

Работа: Во првата половина од неделата, одложете ги важните договори и потпишувањето договори за да не се најдете во ситуација каде што ќе мора да ги преиспитате вашите одлуки. Секстилот на вашиот владетел Нептун и Уран, 20 ноември, ви носи можности за успех преку странство, патувања, правни прашања или високо образование. Сепак, на крајот од неделата, бидете внимателни со што и со кого разговарате.

Љубов: Враќањето на Меркур, владетелот на партнерствата, во деветтата куќа, 19 ноември, ви носи повик од стара симпатија која живее во странство или се враќа од патување. За време на младата месечина, на 20 ноември, можете да започнете комуникација со некој што многу патува или е вклучен во пишување или креативна работа.

Здравје: Избегнувајте стресни ситуации и голема гужва.

Поврзани содржини