НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 23 ДО 30 ДЕКЕМВРИ Пристигнуваат пари за Близнаците, Лавот го чека нова љубов

Водолиите добиваат се што ќе посакаат, Биковите може да очекуваат успех на многу полиња.

720

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.

Овен (21.3 – 20.4)






Работа: Фокусирајте се на завршување на обврските кои сте ги започнале. Неочекуваните трошоци можат да ве исфрлат од рамнотежа, но со добра организација сѐ ќе биде под контрола.

Љубов: Слободниот Овен може да запознае интересна личност на социјални настани. Оние кои се во врска треба да се обидат да ја направат поотворена комуникацијата со партнерот.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

Бик (21.4 – 21.5)

Работа: Венера во Водолија укажува дека работата ви е најважна до крајот на годината. Бидете внимателни со финансиите, бидејќи може да бидете во искушение да направите импулсни купувања. Искористете ја сезоната на Јарец за да направите долгорочни планови.

Љубов: Поради ретроградниот Марс постојано размислувате за старата љубов, како и за тоа што сте можеле да промените во претходниот период. Можноста за помирување.

Здравје: Можност за настинка.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Работа: Динамичен период! Ќе бидете полни со идеи, но внимавајте да не се преоптоварувате со обврски. Меркур тргна напред, па имате јасна претстава каде сте згрешиле во изминатиот период.

Љубов: Слободните Близнаци привлекуваат внимание со својот шарм, додека оние во врска треба да избегнуваат непотребни расправии. Добар период за патување.

Здравје: Внимавајте на квалитетот на сонот.

Рак (22.6 – 22.7)

Работа: Имате впечаток дека промените на работа доаѓаат побавно отколку што би сакале. Комуникацијата ќе биде подобра, но не е реално да очекувате смена преку ноќ. Сезоната на Јарец носи награди за напорна работа.

Љубов: Партнерот очекува повеќе внимание и поддршка. Раковите со слободен дух можат да се сретнат со егоцентрична Водолија.

Здравје: Пазете се од стресот.

Лав (23.7 – 22.8)

Работа: Ретроградниот Марс во вашиот знак не е лесен, па имате впечаток дека ништо не е во ваша моќ. Ова е моментот кога не треба да ја покажувате својата доминација, туку смиреноста на сите полиња.

Љубов: Ќе имате интересно познанство со Водолија. Сепак, поради почетокот на сезоната на Јарец, работата ќе ви биде поважна од љубовта.

Здравје: Потребна ви е физичка активност.

Девица (23.8 – 22,9)

Работа: Сега е вистинско време да се фокусирате на долгорочните планови. Можни се мали недоразбирања со колегите, но ќе ги решите со шмек на дипломатија. Сезоната на Јарец ви носи поволни вести.

Љубов: Партнерот ги цени вашите напори, но бидете подготвени да покажете повеќе емоции. Слободните Девици имаат интересна средба на јавно место.

Здравје: Ќе имате болки во грбот.

Вага (23.9 – 22.10)

Работа: Можни се нови деловни понуди. Работите многу и веќе сте исцрпени, па размислувате за патување. Можно е да се комбинираат и убави и корисни.

Љубов: Хармонијата во врската може да се наруши доколку не внимавате на потребите на партнерот. Треба да одвоите повеќе време, а поканите за забави нема да ви недостасуваат.

Здравје: Избегнувајте прекумерно внесување шеќер.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Работа: Ретроградниот Марс ви носи криза на работа. Имате конфликти со авторитетите и верувате дека заслужувате повеќе отколку што моментално постигнувате во кариерата.

Љубов: Слободните Шкорпии можат да започнат страсна врска. На работното место ве очекува флерт, но тоа ќе биде краткотрајно.

Здравје: Склоност кон настинки.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Работа: Новите предизвици на работа ќе ве мотивираат да го дадете најдоброто од себе. Можна е и промоција. Венера во Водолија ви носи идеи од кои можете да заработите.

Љубов: Слободните Стрелци можат да започнат возбудлива комуникација преку социјалните мрежи. Меркур во вашиот знак ви носи можност за нова романса.

Здравје: Добро, но потребна е физичка активност.

Јарец (22.12 – 20.1)

Работа: Сезоната на вашиот знак ви носи голем успех и нови можности. Средината на неделата носи одлични можности за соработка и нови познанства. Ве очекува мала парична добивка, но и вреден подарок.

Љубов: Партнерот бара ваша поддршка. Слободните Јарци привлекуваат внимание со сериозност и харизма. Некои Јарци ќе започнат заеднички бизнис со саканата личност.

Здравје: Чувствителност на временските промени.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Креативни сте и инспирирани, но ќе ве одвлекуваат мали проблеми на работа. Ретроградниот Марс ви носи лоша комуникација со вашиот деловен партнер.

Љубов: Венера во вашиот знак делува инспиративно кога е љубовта во прашање. Можете лесно да се заљубите кон крајот на 2024 година. Ќе имате многу можности за романса.

Здравје: Внимавајте на циркулацијата.

Риби (20.2 – 20.3)

Работа: Сезоната на Јарец ви носи одлична организација и посветеност на работните обврски. Ќе имате голема поддршка и од пријателите на работа, па ве очекува успешна недела.

Љубов: Слободните Риби можат да доживеат романтична средба. Во наредните денови повеќе ќе се дружите и затоа стекнувате нови познанства.

Здравје: Подобрување.

Поврзани содржини