НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 19 СЕПТЕМВРИ ДО 25 СЕПТЕМВРИ Овните задоволни од финансиите, Јарците размислуваат да влезат во врска
Ракот ќе има множност да запознае многу интересна личност, а пак Стрелецот ќе биде задоволен од перформансите кои ги прикажува на деловно поле.
Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.
Овен (21.3 – 20.4)
Работа: Искористете ја оваа недела за важни договори поврзани со оваа област. Ќе бидете активни и задоволни од работата и финансиите.
Љубов: Постои можност некој да ве оттргне од вашата работна средина. Oние зафатените да посветат повеќе внимание на саканата личност и обидете се да го разберете партнерот на вистински начин.
Здравје: Можен е минлив замор, одморете повеќе.
Бик (21.4 – 21.5)
Работа: Оваа недела носи добри настани и можност за добри вести кога станува збор за оваа област. Ќе бидете задоволни од развојот на настаните.
Љубов: Добра недела за интересни познанства, но не и време за влегување во сериозни врски. Оние кои се во врска ќе имат убави моменти со саканата личност.
Здравје: Можни се проблеми со коскениот систем.
Близнаци (22.5 – 21.6)
Работа: Задоволни сте од работата. Избегнувајте конфликти со колеги или соработници. Ова не е време за започнување нов бизнис.
Љубов: Можни се зголемени страсти во врската. Можно е да имате некоја авантура. Оние кои се во врска нека избегнуваат конфликти и да внимаваат во комуникацијата со саканата личност.
Здравје: Бидете претпазливи, можни се стомачни проблеми.
Рак (22.6 – 22.7)
Работа: Ќе бидете активни оваа недела. Нема да недостигаат задоволство кога се во прашање финансиите. Само секогаш кога ќе имате можност за одмор искористете ја.
Љубов: Многу комуникација и дружење. Можност за контакт со интересна личност. Напорна, убава недела кога се во прашање емоциите.
Здравје: Ви треба квалитетен сон.
Лав (23.7 – 22.8)
Работа: Конечно ќе има придвижување на ова поле. Ќе бидете задоволни од вашата работа, а исто така очекувајте новина кога станува збор за ова поле.
Љубов: Повеќе комуникација и задоволство. Можно е саканата личност пријатно да ве изненади. Без поголеми промени кај Лавовите кои се во врска.
Здравје: Можна е зголемена нервоза.
Девица (23.8 – 22,9)
Работа: Вашиот фокус е на ова поле. Активни сте, ќе сфатите многу, па очекувајте финансиска стабилност.
Љубов: Ќе привлекувате внимание и полни сте со шарм. Едноставно не е недела за да влезете во нова врска. Можеби некој од минатото ќе ве контактира. Зафатените може да очекуваат незадоволство во емотивна врска со саканата личност. Повеќе трпение и разбирање.
Здравје: Внимавајте на дишните органи.
Вага (23.9 – 22.10)
Работа: Ако на ова поле имаше некои блокади и кочници, сега состојбата се стабилизира. Ќе бидете многу позадоволни од работата.
Љубов: Можност за минлив флерт. Ако имате партнер и ако има некакво недоразбирање или сомнеж, обидете се да ги решите сите несогласувања со разговор. Избегнувајте да влегувате во тајни врски.
Здравје: Обрнете внимание на циркулацијата.
Шкорпија (23.10 – 22.11)
Работа: Внимателно проверете ја секоја понуда и размислете со кој избор што ќе добиете.
Љубов: Убаво друштво и можност за запознавање интересна личност. Зафатените да очекуваат зголемени страсти на уживање со саканата личност. Избегнувајте непромислени зборови кои можат да предизвикаат хаос.
Здравје: Можност за полесни повреди.
Стрелец (23.11 – 21.12)
Работа: Можност за напредување на ова поле. Сигурно ќе бидете задоволни од вашите перформанси. Ако имало неразјаснети околности полека сѐ се решава и си доаѓа на свое место.
Љубов: Не е недела да се впуштате во врски. Може да запознаете интересна личност која ќе ве задоволи. Оние кои се во врска може да имаат недоразбирање но минливо. Ситуацијата е претежно стабилна кога се во прашање емоциите.
Здравје: Минлив замор и проблеми со крвниот притисок.
Јарец (22.12 – 20.1)
Работа: Нема големи промени на ова поле. Задоволни сте од случувањата и финансиската состојба е без поголеми промени.
Љубов: Можност некој да ви го привлече вниманието и да размислувате за стапување во врска. Убави моменти со саканата личност, како и планирање на семејство или заеднички живот.
Здравје: Може да се активираат хронични здравствени проблеми.
Водолија (21.1 – 19.2)
Работа: Доколку имаше проблеми на ова поле, ситуацијата полека се стабилизира. Крајот на неделата носи подобро расположение и повеќе активности и задоволство.
Љубов: Можност за мали несогласувања со саканата личност. Убави моменти на крајот на неделата и стабилизација во врската доколку имало проблеми.
Здравје: Проблеми со кардиоваскуларниот систем.
Риба (20.2 – 20.3)
Работа: Ситуацијата е стабилна, без поголеми промени. На крајот на неделата, не дозволувајте некој од вашите колеги да ве исфрли од колосек.
Љубов: На емотивен план без поголеми промени. Можноста за помало разочарување кај за вас драга личност. Кај зафатените, ситуацијата е стабилна, само бидете толерантни и трпеливи во врската.
Здравје: Можност за блага настинка.