НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 19 ДО 25 ДЕКЕМВРИ Биковите имаат одлична недела за работа, Близнаците за авантура
Лавот се враќа во форма, а пак Вагата не треба да избрзува во одлуките.
Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.
Овен (21.3 – 20.4)
Работа: Се стремите кон промени, но ви се чини дека секоја борба е залудна, бидете трпеливи. Во текот на јануари, Јупитер транзитира со Овен, што ви носи нови, одлични деловни зделки. Фокусирајте се на секојдневните и класичните работни задачи.
Љубов: Венера во Јарец ве поттикнува да размислувате за минатото, буди стари немири. Не поттикнувајте разговор за минатото, обидете се да му обезбедите на партнерот сигурна иднина. Слободните се враќаат на фантазирање за личноста со која неодамна раскинале.
Здравје: Не прејадувајте се.
Бик (21.4 – 21.5)
Работа: Обидете се да останете рационални кога купувате, не ги трошете сите ваши заштеди. Не можете да одолеете на празничната атмосфера! На деловен план ве очекува мирна недела, за Биковите нема поголеми промени. Задоволни сте со вашите моментални деловни можности.
Љубов: Венера во Јарец му носи стабилност на Бикот, посветени сте на секојдневните обврски дома и подготвени да сте да ја здоволите секоја желба на саканата личност. Вистинско време е да уживате во домот. Оние кои се слободни ги очекуваат средби со далечни роднини, нема промени на љубовен план, фокусирани сте на семејството и пријателите.
Здравје: Несоница.
Близнаци (22.5 – 21.6)
Работа: Деловните активности се стандардни, нема големи промени во бизнис планот. Сте го насочиле вниманието на приватниот живот, па не очекувате нови деловни активности. Работите ќе се одвиваат во ваша корист, токму онака како што сте замислиле.
Љубов: Вашиот оптимизам ги движи луѓето, ги инспирира и зошто сакаат да поминуваат време во вашето друштво. Во текот на неделата, многумина ќе сакаат да се одморат, да се релаксираат во тишина. Не ги повредувајте драгите луѓе околу вас, објаснете им дека ви треба краток одмор од напорното секојдневие.
Здравје: Избегнувајте алкохол.
Рак (22.6 – 22.7)
Работа: Во неделата што претстои може да се случат одредени промени во тимот, кои ќе ве изненадат. Тие немаат никакво влијание врз вас, но не ги очекувавте. Опуштете се, фокусирајте се на вашите деловни потфати. Уживате во минувањето време во природа, пешачење и општа физичка активност.
Љубов: Венера во Јарец внесува решителност во вашето секојдневие, по период на размислување и прегрупирање со себе. Сега е време да започнете врска, да го обновите контактот или да имате искрен разговор со саканата личност. Пред вас се поволни љубовни аспекти!
Здравје: Добро се чувствувате.
Лав (23.7 – 22.8)
Работа: Ви претстои потпишување важен деловен договор, горди сте на вашите деловни успеси. Навистина, повеќето Лавови ја завршуваат годината со крената глава, вие имате право да ги истакнете своите квалитети и да се задоволите себеси! Финансиската состојба е стабилна.
Љубов: Лавовите зрачат со стабилност во наредната недела, фокусирани сте на своите цели. Вашиот партнер е голема поддршка. Ве очекуваат емотивни средби со семејството и пријателите. Уживајте во наредните денови!
Здравје: Нема големи промени.
Девица (23.8 – 22,9)
Работа: Не сте концентрирани, за среќа сте завршиле со важни деловни задачи. Мора да научите да кажувате не, за да не ве искористат деловните соработници. Нивните проблеми не се ваша одговорност! Ве очекува парична добивка.
Љубов: Обидете се да се ослободите од негативните мисли со физичка активност. Не влегувајте во конфликти со луѓе од околината. Времето ќе покаже дека сте биле во право и луѓето ќе си ја признаат грешката. Останете фокусирани на себе и вашето здравје!
Здравје: Внимавајте на вашето физичко здравје.
Вага (23.9 – 22.10)
Работа: Вагите се фокусирани на своето хоби, веруваат дека некои од нив може да се претворат во бизнис во наредните години. Продолжете да верувате во себе! Понеделник и вторник внесуваат доза на метеж во вашиот живот. Финансиската состојба е добра, задоволни сте.
Љубов: Добро се чувствувате во своја кожа, задоволни сте со своите достигнувања и сте голем поддржувач на себе. Ваквата енергија се чувствува во воздухот, привлекувате внимание каде и да се појавите. Може да предизвикате допир на љубомора кај вашиот партнер, што ќе биде симпатично.
Здравје: Добро се чувствувате.
Шкорпија (23.10 – 22.11)
Работа: Дојде време за опуштање и одмор, иако Венера во Јарец не ви дава мир. Ве поттикнува да размислувате за дополнителна работа и да се оптоварите со уште неколку обврски. Размислете двапати пред да прифатите нова деловна понуда.
Љубов: Ги преоценувате вашите одлуки, чувствувате дека сте биле премногу груби кон одредени луѓе од вашата околина. Тоа е совршена можност да се движите и повторно да се поврзете. Зафатените Шкорпии ги очекува мирна недела, во која нема поголеми промени.
Здравје: Грлото ви е чувствително.
Стрелец (23.11 – 21.12)
Работа: Фокусот не е на деловните активности, уживајте во наредните денови. Многу Стрелци имаат можност да се одморат и нема причина да не го искористат тоа. Финансиската состојба е задоволителна, моментално не е најдобро време за кредитирање.
Љубов: Уживате да бидете со семејството, потребен ви е одмор и уживате во престојот дома. Опуштете се! Слободните не очекуваат големи промени на љубовно поле. Зафатените Стрелци ќе уживаат во вниманието на своите партнери, навистина можете да се препуштите на љубовната врска во која се наоѓате.
Здравје: Добро.
Јарец (22.12 – 20.1)
Работа: Поволен период е за љубов, но може да очекувате промени и на деловен план. Пред вас е период на славење и на работа и дома. Многу Јарци ќе бидат во центарот на вниманието, ќе добијат награди од претпоставените но и пофалби од колегите за нивната мината работа и придонес во компанијата.
Љубов: Венера во Јарец ви дава можност да влезете во врска и да дефинирате заеднички цели на самиот почеток. Совршен момент е отворено да разговарате со партнерот за насоката во која напредува вашата љубовна врска. Јарците ги очекува мирен период во бракот, во кој ќе уживаат.
Здравје: Не прејадувајте се.
Водолија (21.1 – 19.2)
Работа: Ве очекува стабилна деловна ситуација, задоволни сте од финансиската состојба. Колегите може да ви побараат одредена услуга, не ги потиснувајте вашите желби поради туѓи планови. Ставете се себеси на прво место!
Љубов: Водолијата ја очекува мирна недела, во која имате можност да се опуштите и одморите. Фокусот е ставен на дружењата со подалечните роднини и пријатели поради претстојните празници. Партнерот ги поддржува вашите идеи и планови.
Здравје: Проблеми со стомакот.
Риби (20.2 – 20.3)
Работа: Фантазирате за промена на работното место, но во моментов нема добри можности. Оставете големи промени за следната година, опуштете се и уживајте во секој одмор. Во средината на неделата ве очекува финансиска добивка.
Љубов: Рибите следната недела ќе ја поминат сместени во домот, уживајте во новогодишната атмосфера. Навистина ги сакате празниците, ова е време кога сте посветени на семејството и партнерот. Слободните Риби уживаат во друштво на блиските луѓе, моментално нема големи промени на љубовен план.
Здравје: Наспијте сѐ.