НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 10 ДО 16 ЈУЛИ Бикот носи важни емотивни одлуки, Водолиите да се чуваат од љубомора

Вагите очекуваат дополнителни обврски, Шкорпијата преку социјалните може да запознае атрактивен уметник или спортист.

472

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.

Овен (21.3 – 20.4)






Работа: Периодот е поволен за финансии, промена или проширување на бизнисот, доколку сте мартовски Овен. Ќе бидете успешни ако сте уметник или спортист, бидејќи вашиот владетел Марс, планетата на акцијата, на 10 јули влегува на полето на работата, а Меркур на полето на креативноста, спортот и шоу-бизнисот. Периодот на последната четвртина од Месечината во Овен, од 10 до 12 јули, е поволен за започнување на приватен бизнис за кој размислувате подолго време.

Љубов: Апрлиските Овни сѐ пред донесување важни одлуки поврзани со заедничкиот живот со партнерот. Слободните претставници на овој знак, на собир околу 14 јули, можат да запознаат уметник, лекар, психолог… Сонцето и Меркур кај Ракот ја поттикнуваат вашата желба да го организирате вашиот животен простор.

Здравје: Меланхонија.

Бик (21.4 – 21.5)

Работа: Марс влегува во Девица на 10 јули, правејќи ве порационални и фокусирани на реализација на креативни идеи. Имате потреба да блеснете во рамките на својата професија, доколку сте родени на крајот од знакот. Можете да го проширите бизнисот, да станете дел од странски проект, да основате приватна компанија, да се посветите на средување на деловниот простор. Последната четвртина од Месечината во астролошката куќа на непријателот, околу 10 јули, ви носи помалку стрес.

Љубов: Ви претстои возбудливо време, со вашата владетелка Венера во куќата на домот, семејството и приватниот бизнис и Марс во куќата на љубовта. Размислувате да влезете во стабилна врска или брак, а ако веќе сте во брак, да реновирате или да купите стан. Родителите може да имаат мали проблеми со своите деца.

Здравје: Пазете се од спортски повреди.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Работа: Периодот е совршен за започнување приватен бизнис во кој ќе ја имате поддршката од членовите на семејството. Конечно можете да почнете да реализирате нешто за што долго сонувавте, за вашите способности да дојдат до целосен израз, особено ако се занимавате со спорт или уметност. Во средината на неделата избегнувајте непотребни трошоци и ризични финансиски трансакции.

Љубов: Ви претстои динамична недела исполнета со средби со интересни луѓе, бидејќи на 11 јули Меркур, планетата на комуникацијата и флертот, ќе ѝ се придружи на Венера во Лав, знакот во кој „паѓа“ вашето трето астрлошко поле, кога ќе може да запознаете некој на кратко патување со кој ќе влезете во сериозна врска. Младите Близнаци може да имаат несогласувања со своите родители.

Здравје: Подложност на повреди во домот.

Рак (22.6 – 22.7)

Работа: На почетокот на неделата, Марс, планетата на акцијата и агресијата, влегува во вашата куќа на менталната состојба, поради што треба повеќе да водите сметка за односот со вашите соработници. Во исто време, Меркур, владетелот на полето на интуиција и комуникација, деловни и кратки патувања, влегува во Лав, знакот на креативноста, во кој „паѓа“ вашето поле на работа, па можете да завршите некои профитабилни работи.

Љубов: Напнатите аспекти меѓу Сатурн, кој управува со вашите партнерски односи, и Марс и Плутон, на почетокот на периодот, внесуваат тензија во односот со саканата личност. Во текот на последната четвртина од Месечината, од 10 до 12 јули, треба да избегнувате дискусии со Овните, Јарците и Шкорпиите.

Здравје: Внимавајте во сообраќајот.

Лав (23.7 – 22.8)

Работа: Со Марс во втората астролошка куќа, по 10 јули ќе ви се отворат нови можности за заработка. Во текот на последната четвртина од Месечината во Овен, од 10 до 12 јули, може да добиете покана за соработка од земји од германското говорно подрачје. Позициите на Јупитер и Уран во куќата за кариера ве поттикнуваат да продолжите да работите на проект со странски партнери.

Љубов: Со Венера во вашиот знак, вие сте популарни и добредојдени во општеството, особено од спротивниот пол. До 14 јули може да ве привлекува личност која ја познавате преку работата и вашата врска да прерасне во нешто посериозно. Влегувањето на Меркур во вашиот знак, на почетокот на периодот, носи запознавање со помлада личност преку некоја социјална мрежа.

Здравје: Проблеми со зглобовите.

Девица (23.8 – 22,9)

Работа: Марс, по две години, на 10 јули влегува во вашиот знак, што ве прави поактивни и поамбициозни, иако можеби сте во дилема која од двете атрактивни деловни понуди да ја прифатите. Со влегувањето на вашиот владетел Меркур во 12-тата куќа, каде што веќе се наоѓа Венера, по 11 јули уметниците и спортистите добиваат поголема инспирација и мотивација. Слушајте ги советите на Шкорпија или Овен.

Љубов: Нагласениот знак Лав, на 11 јули, ве прави склони да го прифатите додворувањето на личност која ќе ја запознаете на интернет или на социјалните мрежи. Од 10 до 12 јули, во текот на последната четвртина од Месечината на полето на опасност, ќе се сомневате во добрите намери на Овен или Јарец. Бикот и Рибите мислат на вас.

Здравје: Кардиоваскуларни проблеми.

Вага (23.9 – 22.10)

Работа: Сонцето на полето на кариерата и Марс, планетата на акцијата, влегувајќи во знакот на работа, Девица, на почетокот на неделата ве очекуваат повеќе обврски на работното место. Поради нагласениот знак на Бик, веќе извесно време размислувате да се вклучите во некој поголем проект со странци, кој долгорочно би можел да ви донесе солидна заработка. Имате поддршка од Јарец и Лав.

Љубов: Со оглед на тоа дека планетата на расправии ќе го премине полето на работа на вашиот партнер, по 10 јули ќе мора да се прилагодите на неговите потреби. Во текот на последната четвртина од Месечината, од 10 до 12 јули, ќе имате потреба да се свртите кон дружење со луѓе кои одговараат на вашиот сензибилитет, како што се воздушните и огнените знаци. Стрелецот и Близнаците мислат на вас.

Здравје: Промени во расположението.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Работа: Влезот на вашиот владетел Марс, планетата на иницијативата во куќата на пријателите и планетата на бизнисот, како и Меркур во куќата на кариерата, на почетокот на неделата најавуваат нови деловни аранжмани. Симболот на просперитетот, Јупитер во Бик, ви ја носи поддршката на луѓето кои се присутни во јавноста преку работата. Ве очекува побогат социјален живот доколку сте уметник, работите во медиуми или маркетинг

Љубов: Во текот на последната четвртина од Месечината во Овен, од 10 до 12 јули, може да се најдете во ситуација да се сомневате во искреноста на саканата личност. Слободните Шкорпии во средината на периодот очекуваат да се сретнат со луѓе со кои некогаш биле блиски. Членовите на семејството би сакале да им посветите повеќе внимание.

Здравје: Внимавајте во сообраќајот.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Работа: Ви одговара нагласениот знак Лав, како и Бикот, над кој транзитира вашиот владетел Јупитер, бидејќи ви носат нови работни места. По 10 јули, Марс на полето на кариерата, кога се случува фазата на последната четвртина на Месечината во Овен, ве прави многу активни, па нема да пропуштите ниту една добра шанса. По 11 јули, Меркур во Лав ги фаворизира спортистите, уметниците и воспитувачите.

Љубов: Во овој период ќе бидете многу активни на друштвените настани каде околу 14 и 15 јули ќе запознаете личност со која најверојатно ќе ве запознаат пријателите или колегите. Аспектот помеѓу Сонцето на полето на еротиката и вашиот совладетел Нептун, навестува романса со Шкорпија.

Здравје: Променете ја исхраната.

Јарец (22.12 – 20.1)

Работа: На почетокот на периодот, Меркур, планетата на трговијата и спортот, влегува во полето на парите, а Марс во Девица, поради што ќе бидете поентузијасти за проширување на соработката со странците или ќе ги обновите контактите со некој што живее во странство. Пазете се од помладите соработници, бидејќи тие би можеле да ви работат зад грб. Во времето на последната Месечина на полето на приватниот бизнис, 10 јули, ќе добиете нови понуди.

Љубов: Пред вас е возбудлива недела полна со интересни состаноци и познанства. Нагласениот знак Лав, со Венера и Меркур, по 11 јули, навестува можност за влегување во романса со помлада или младешка личност која се занимава со креативна професија. Девица размислува за вас, а Шкорпија сака да ве види.

Здравје: Премногу сте чувствителни.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Со нагласена четврта астролошка куќа, веќе некое време планирате да купувате и продавате недвижен имот, градежни работи или приватен, можеби семеен бизнис. По 10 јули, кога планетата на акцијата и конфликтот, Марс, ќе влезе во куќата на ризикот, ќе мора да бидете многу повнимателни кога станува збор за нови инвестиции. Позицијата на Меркур, по 11 јули, им одговара на уметниците.

Љубов: На почетокот на неделата, планетата на расправии и љубомора, влегува во астролошката куќа на опасноста каде е нагласено нејзиното влијание, поради што треба да избегнувате конфликти со емотивниот партнер. Еден ден подоцна, планетата на интелектот, Меркур, исто така влегува во Лав, кога самците Водолија можат да запознаат помлада личност.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

Риби (20.2 – 20.3)

Работа: Во текот на последниот квартал на Месечината на полето на парите, од 10 до 12 јули, договарате нови работни места. Имате многу интересни идеи, кои сакате да ги споделите со некој кој би ви помогнал во нивната реализација. Меркур, планетата на комуникациите и бизнисот, влегува во Лав на 11 јули, па ќе бидете многу поактивни, особено ако се занимавате со спорт или трговија на големо.

Љубов: По 10 јули, кога Марс ќе влезе во Девица, на полето на партнерските односи, причина за конфликт со саканата личност може да биде вашата пречувствителност, особено ако се работи за Овен, Лав, Девица или Шкорпија. Родените во третата декада, треба да очекуваат да запознаат Јарец, кој некогаш бил емотивен и деловен партнер.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

Поврзани содржини