НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП 27 ЈУНИ – 03 ЈУЛИ Неодлучноста со стара врска го исцрпува Овенот, а на Ракот му е потребен одмор да се наполни со енергија
Потребно е Лавот да биде внимателен и штеди пари за црни денови, Јарецот ќе има промени на љубовен план, но нема да му се допаднат
Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.
Овен (21.3 – 20.4)
Работа: Премногу обврски и премногу проекти, ќе бидете растргнати на сите страни. Побарајте помош од првата личност што ќе ја сретнете денес на работното место.
Љубов: Неодлучноста за некоја стара врска ќе ве исцрпува многу, бидејќи еден дел од вас очајно сака да му се врати на поранешниот партнер, а друг дел размислува за лошите случувања во минатото.
Здравје: Можни се главоболки.
Бик (21.4 – 21.5)
Работа: Обврските ќе си ги извршувате навремено без никакви отстапки. Ќе постигнете се што сте планирале. Влијанието на планетите е поволно па очекувајте да добиете и позитивни коментари за завршеното.
Љубов: Оние кои се во врска ќе поминуваат низ стандардни секојдневија, исполнети со малку поголема радост. Оние кои се слободни ќе бидат во активна потрага по својот партнер.
Здравје: Најдете место и начин каде ќе го исфрлите стресот.
Близнаци (22.5 – 21.6)
Работа: Ќе бидете на мал одмор од работата. Ќе имате време да се одморите и да не се грижите за работните обврски. Освежете се во текот на оваа недела, со цел од наредната да започнете со нови сили.
Љубов: Позитивни случувања за оние кои се во врска. Можеби ќе бидете одалечени од партнерот но со мислите ќе бидете постојано заедно. Исполнете му некои желби на партнерот и верувајте дека тој ќе ви возврати со иста мера.
Здравје: Одлично.
Рак (22.6 – 22.7)
Работа: Моментално одморате или планирате да заминете на одмор од напорното работење, а тоа позитивно ќе влијае на вас. Одморот ќе ве наполни со енергија, а позитивно ќе делува и на вашата мотивација.
Љубов: Ќе изберете да бидете среќни, па затоа ќе му ги простите на партнерот ситните грешки за кои сте му забележале. Намалете ги кавгите и расправиите, тие не ве водат никаде.
Здравје: Одлично.
Лав (23.7 – 22.8)
Работа: Распоредот на планетите го нагласува полето на финансиите. Бидете внимателни и штедете пари за црни денови.
Љубов: Венера ви носи голема желба за непрекинато забавување заедно со партнерот. Ќе уживате во секој миг доколку се опуштите и не ги забележувате малите ситни нешта кои мислите дека партнерот ги прави намерно.
Здравје: Можни се проблеми со белите дробови.
Девица (23.8 – 22,9)
Работа: Преголемиот број на обврски максимално ќе ве исцрпи, па така нема да можете да постигнете се што ќе ви биде дадено како задача. Побарајте помош од најблискиот колега.
Љубов: Ќе ве нервираат постапките на блиските лица и партнерот, ќе сакате да преземете нешто, но тоа нема да ви оди од рака. Намалете ги несогласувањата со вашата околина.
Здравје: Внимавајте на количината на внесениот алкохол со цел да немате проблеми со главоболка.
Вага (23.9 – 22.10)
Работа: На работа нема да почувствувате поголеми промени, а нештата ќе се одвиваат во нормална насока. Понудете му помош на некој ваш колега кој не успева да ги заврши сите работни обврски.
Љубов: Ќе ве зачуди односот на околината со вас, но вие сте виновни бидејќи премногу сте се мешале во нечии одлуки. Семејството и блиските лица ќе ве казнат за вашите постапки.
Здравје: Проблеми со притисокот.
Шкорпија (23.10 – 22.11)
Работа: Ќе присуствувате на некој важен деловен настан за кој ќе биде потребно да се подготвите. Средбата со високи деловни луѓе може да ви ги отвори патиштата за во иднина.
Љубов: Можен е прекин на врската за сите оние кои нема да најдат заеднички јазик со партнерот. Различните ставови можно е да ве одалечат.
Здравје: Добро, можна е несоница.
Стрелец (23.11 – 21.12)
Работа: Работата и работните обврски ќе бидат со нормален тек. Некако сте заморени па едвај го чекате периодот за одмор. Решавајте ги обврските навремено.
Љубов: Потребно е на партнерот да му посветите повеќе внимание, а оние кои не се во врска можно е да најдат нова љубов. Поволниот љубовен период ќе ве натера на некои посмели чекори.
Здравје: Бидете внимателни со клима-уредите.
Јарец (22.12 – 20.1)
Работа: Овој период ќе му го посветите на одморот а работните обврски ќе ги одложите колку што можете повеќе. Одморете се и соберете сила за деловните настани во иднина.
Љубов: Ќе доживеете промени кои нема да ви се допаднат. Потребно е сами да одлучите на кој начин ќе ја продолжите љубовната врска.
Здравје: Добро, внимавајте на екстремитетите, можни се скршеници.
Водолија (21.1 – 19.2)
Работа: Период во кој ќе добиете покачување на платата или некои бенефиции кои досега не ги добил никој. Тоа ќе создаде љубомора во вашата деловна средина, но вие не се грижете, главата горе.
Љубов: Ќе започнете премногу да му забележувате на партнерот. Ќе го коментирате секој негов потег, а тоа само ќе ја влоши ситуацијата. Бидете поскромни во барањата.
Здравје: Болки во грлото, затоа внимателно со ладните напитоци.
Риба (20.2 – 20.3)
Работа: Ќе се обидувате на сите да им помогнете и ќе се преморите. Помогнете им на колегите колку што можете но не се исцрпувајте.
Љубов: Ќе сакате да направите некои промени во вашата околина. Ќе присуствувате на искрен разговор со семејството од кој ќе дознаете некои долго чувани тајни. Можно е да бидете повредени.
Здравје: Одлично.