НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП 21 ФЕВРУАРИ – 27 ФЕВРУАРИ Интересна недела на љубовен план за Вагите, Рибите ќе имаат проблем со финансиите
Стабилна љубовна состојба кај сите Девици кои се во врска или брак, Биковите имаат многу амбициозни планови, што не е лесно да се остварат.
Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.
Овен (21.3 – 20.4)
Работа: По бурниот период на работа, можете да очекувате големо олеснување.
Љубов: Кога станува збор за љубовта, можете да се надевате на убави моменти покрај саканата личност.
Здравје: На полето на здравјето не се нагласени поголеми проблеми. Доколку водите сметка за своите навики, внесувате доволно витамини и се храните на вистински начин, не би требало да имате никакви проблеми.
Бик (21.4 – 21.5)
Работа: Имате многу амбициозни планови, што не е лесно да се остварат. Бидете подготвени за битка. Не се откажувајте веднаш кога ќе се судрите со првата пречка.
Љубов: На полето на љубовта ве очекуваат многу интересни настани. Можно е склучување на брак.
Здравје: Кога станува збор за здравјето, погрижете се за парните ограни – очи, уши, бубрези, бели дробови…
Близнаци (22.5 – 21.6)
Работа: Ве очекува многу опуштена недела во која нема да имате премногу работни обврски. Тоа искористете го за едукација и одмор.
Љубов: Состојбата во љубовта е многу интересна, доколку сте слободни можна е нова врска.
Здравје: Можни се мали проблеми со срцето, но долку тие продолжат задолжително одете на лекар.
Рак (22.6 – 22.7)
Работа: Можете да се надевате на позитивен исход на полето на работата, се оди како подмачкано.
Љубов: Кога станува збор за љубовта, ситуацијата е многу возбудлива и можете да имате успех со воздушните знаци.
Здравје: Проблеми со грлото и синусите. Избегнувајте ладни и газирани пијалоци.
Лав (23.7 – 22.8)
Работа: Имате големи очекувања и под голем притисок сте да ги остварите, особено долку имате приватен бизнис. Не дозволувајте тоа чувство да ве промени.
Љубов: Променлива состојба во љубовта. Најмногу проблеми ќе имаат оние кои се во брак.
Здравје: Бидете повнимателни отколку вообичаеното, затоа што е нагласена појава на хронични проблеми.
Девица (23.8 – 22,9)
Работа: Во текот на оваа недела ќе добиете одлична бизнис можност која ќе ви помогне да остварите стабилни финансиски приходи.
Љубов: Стабилна љубовна состојба кај сите Девици кои се во врска или брак. Слободните Девици можат да очекуваат интересна љубовна авантура.
Здравје: Зголемениот апетит може да доведе до зголемување на телесната тежина.
Вага (23.9 – 22.10)
Работа: Mожно е моментално на работен план да дојде до судир на желбите и можностите. Обидете се да го рационализирате тоа што го сакате.
Љубов: Многу интересна недела и за слободните и за зафатените Ваги.
Здравје: Несоница и внатрешен немир.
Шкорпија (23.10 – 22.11)
Работа: Одлична недела за работа, особено доколку е приватен бизнис.
Љубов: Малку се имате одалечено од партнерот. Искористете ја оваа недела за вас двајца. Посветете се максимално на вашиот партнер.
Здравје: Нискиот притисок може да предизвика вртоглавица и замор.
Стрелец (23.11 – 21.12)
Работа: Великодушни сте и со задоволство им помагате на луѓето кои ве опкружуваат на работното место. Тоа сигурно ќе ви биде од корист.
Љубов: На полето на љубовата ве очекува многу интересна ситуација со Вага или Рак.
Здравје: Кога станува збор за здравјето, погрижете се за циркулацијата, особено во пределот на ногата.
Јарец (22.12 – 20.1)
Работа: Можете да очекувате многу позитивна работна соработка со странство.
Љубов: Среќата ве следи и на полето на љубовта, па можете да остварите се што сте замислиле со саканата личност.
Здравје: Без здравствени проблеми.
Водолија (21.1 – 19.2)
Работа: Иако многумина се сомневаа во тоа, ќе успеете да дојдете до успех во работата.
Љубов: Љубовната состојба моментално не ви е премногу интересна, затоа што ниту самите не се грижите за тоа.
Здравје: Поведете сметка за проблемите кои генерално ги имате со грбот, сувата кожа и коса, како и со чувствителните заби.
Риба (20.2 – 20.3)
Работа: Проблеми со финансиите. Ве советуваме да не подигнувате кредит и не земате позајмица, затоа што на тој начин само дополнително ќе ја влошите моменталната ситуација.
Љубов: Кога станува збор за љубовта, цврсто верувате во своите емоции кон една личност. Покажете и што чувствувате.
Здравје: Погрижете се за вашиот црн дроб. Избегнувајте да внесувате алкохол или други опијати.