НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП 20 ЈУНИ – 26 ЈУНИ Овенот ќе има несогласувања со партнерот, а пак Девицата не треба да се истакнува на работно место

Лавот нема да има мотивација за работа бидејќи проблемите во приватниот живот ќе надвладеат, покрај тоа што љубовта ќе стагнира кај Водолијата, сепак нема да преземе ништо.

1,088

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.

Овен (21.3 – 20.4)






Работа: На работното место ќе имате проблеми и кавги во кои и вие ќе бидете учесник. Потребно е јасно да го кажете вашето мислење, без да навредите некого. Не заземајте страна во завојуваните групи.

Љубов: Со партнерот ќе имате несогласувања, кои ќе имаат посериозен развој од вообичаено. Ќе биде потребно да имате големо трпение, во спротивно е можно прекинување на врската.

Здравје: Добро, внесувајте повеќе витамини и минерали.

Бик (21.4 – 21.5)

Работа: Работата и работните обврски ќе бидат со нормален тек. Некако сте заморени па едвај го чекате периодот за одмор. Решавајте ги обврските навремено.

Љубов: Во љубовта ќе постојат ситни проблеми и кавги на кои веќе сте навикнати па нема да им обрнете поголемо внимание. Разберете го партнерот и не го осудувајте постојано.

Здравје: Одлично.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Работа: Работните обврски и случувања ќе течат нормално, а вие ќе успеете да направите баланс помеѓу приватниот и деловниот живот. Ве очекуваат подобрувања, имајте трпение.

Љубов: Потребно е на партнерот да му посветите повеќе внимание, а оние кои не се во врска можно е да најдат нова љубов. Поволниот љубовен период ќе ве натера на некои посмели чекори.

Здравје: Консумирајте поразновидна храна.

Рак (22.6 – 22.7)

Работа: Овој период ќе му го посветите на одморот а работните обврски ќе ги одложите колку што можете повеќе. Одморете се и соберете сила за деловните настани во иднина.

Љубов: Проблематичен период во кој ќе владеат различните мислења. Нема потреба постојано да се лутите и јавно да му го покажувате тоа на партнерот. Променете го малку размислувањето.

Здравје: Одлично.

Лав (23.7 – 22.8)

Работа: Ќе се обидувате на секој можен начин работните задачи да му ги префрлите на некој друг или да ги сокриете под тепих. Нема да имате мотивација за работа бидејќи проблемите во приватниот живот ќе ве надвладеат.

Љубов: Ќе доживеете промени кои нема да ви се допаднат. Потребно е сами да одлучите на кој начин ќе ја продолжите љубовната врска.

Здравје: Обидете се да се смирите, посоветувајте се со стручно лице.

Девица (23.8 – 22,9)

Работа: Неповолен период во кој не е пожелно да се истакнувате. Извршувајте ги работните задачи и молчете. На работното место можно е да се појават финансиски проблеми кои ќе ги почувствувате и вие.

Љубов: Нема да можете да им поверувате на муабетите кои ќе ги слушнете во вашата околина, а потребно ќе биде да отворите четири очи. Некој се обидува да ве намести за нешто.

Здравје: Можна е настинка.

Вага (23.9 – 22.10)

Работа: Ќе имате зголемен број на обврски, па затоа потребно е да разговарате и за дополнителни приходи. Обратете му се на шефот и побарајте покачување.

Љубов: Поволен период во кој оние кои имаат долги врски ќе направат чекор понатаму. Оние кои се сами ќе запознаат интересна личност од спротивниот пол.

Здравје: Добро.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Работа: Редно време е претставниците на овој знак кои сеуште немаат работа сериозно да се ангажираат во потрагата по ново работно место. Оние кои веќе работат ќе навлезат во малку неповолен период во кој можно е да им бидат скратени некои бенефиции.

Љубов: Ќе започнете премногу да му забележувате на партнерот. Ќе го коментирате секој негов потег, а тоа само ќе ја влоши ситуацијата. Бидете поскромни во барањата.

Здравје: Можни проблеми со инфекции.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Работа: Ќе имате финансиски проблеми, па на работното место ќе побарате повеќе задачи со цел да добиете и поголема плата. Намалете некои непотребни трошоци.

Љубов: Ќе се двоумите дали да направите чекор понатаму, дали да ја зацврстите врската или сеуште да му правите тестови на партнерот. Донесете одлука и дејствувајте.

Здравје: Добро, можни се проблеми како резултат на нервозата.

Јарец (22.12 – 20.1)

Работа: Работните обврски ќе ги одложите поради приватните проблеми. Земете неколку слободни денови со цел да ја средите ситуацијата. Во втората половина од неделата ќе дојде до позитивни промени.

Љубов: Ќе сакате да направите некои промени во вашата околина. Ќе присуствувате на искрен разговор со семејството од кој ќе дознаете некои долго чувани тајни. Можно е да бидете повредени.

Здравје: Одлично.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Ќе имате можност за деловно патување, можеби тоа ќе ги поремети вашите планови но сепак ќе имате можност за контакт со лица од повисоките позиции.

Љубов: Ситуацијата во љубовта ќе стагнира, нема да сакате да направите промена бидејќи во последно време односите со партнерот ви се заладени. Наместо да се затворате во себе, направете искрен разговор.

Здравје: Можни се проблеми со несоница.

Риба (20.2 – 20.3)

Работа: Работете напорно со цел да ја оправдате довербата која сте ја добиле. Задачите ќе ве истоштат но признанието кое ќе го добиете на крај ќе го наполни вашето его.

Љубов: Одличен период во кој заеднички со партнерот ќе ја планирате иднината и наредните чекори. Нека не ве обесхрабруваат неповолните финансиски приливи, бидејќи ќе дојде до нивно подобрување.

Здравје: Одлично.

Поврзани содржини