НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП 06 ФЕВРУАРИ – 13 ФЕВРУАРИ Лавот е премногу строг кон себе и со другите, Вагата ги расчистува заостанатите долгови
Девицата преку пријателите ќе има можност да се запознае со нова личност, додека Шкорпирајата потребно е да подвлече сериозна линија во сè.
Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.
Овен (21.3 – 20.4)
Работа: Доколку се занимавате со некој вид трговија, овој период ќе ви биде стресен. Имате шанса конечно да ги завршите започнатите проекти, но сѐ уште е само во плановите. Вистинската реализација би била доколку конкретно сте склучиле договор, но сепак ќе треба да го чекате тоа. Не губете го трпението, фактот што сега не може да се завршат работните задачи не значи дека тие пропаднале.
Љубов: Поради интензивните деловни ангажмани, слободното време ќе го поминувате работејќи. Оваа привидна разделба од партнерот носи стимул за следниот период. Доколку сте слободни, кон крајот на неделата е на пат официјална средба со личност која ја познавате од вашето деловно опкружување.
Здравје: Болка во увото.
Бик (21.4 – 21.5)
Работа: Оваа недела вашиот начин на функционирање е надвор од рутина. Полни сте со креативна енергија, па вашата самодоверба расте од ден на ден. Доколку оваа недела имате можност да пазарите или да потпишете некои хартии од вредност, внимавајте бидејќи не е поволен момент и може да направите грешка која подоцна нема да можете да ја поправите.
Љубов: Вашите потреби овие денови бараат многу толеранција и трпение од партнерот. Иако можеби се чувствувате уморно, расположението ќе се промени кога ќе пристигне интересен предлог од вашиот партнер. Не размислувајте премногу за тоа колку би сакале нешто, не можете да знаете додека не го пробате.
Здравје: Бронхитис.
Близнаци (22.5 – 21.6)
Работа: Неочекуваните промени ќе ја нарушат рутината во вашиот секојдневен живот. На крајот од овој период ќе имате можност некому да му помогнете да најде работа. Позитивната енергија поради овој добар исход ќе вдиши малку ветер во вашите едра. Дополнително, деновиве очекувајте известување во вид на потсетување или достава на фактура на која целосно сте заборавиле.
Љубов: Поривот за лична слобода може да ве доведе до погрешен чекор. За да ги надминете несогласувањата, прифатете ги предлозите на вашата сакана личност и поминувајте повеќе време со луѓето што тој или таа ги предлага. Слободните можат да запознаат необична личност со која добро ќе се забавуваат и романтична авантура.
Здравје: Главоболката ќе ви задава проблеми.
Рак (22.6 – 22.7)
Работа: Време е за истражување и учење. Можно е да се понудите да се приклучите на организација каде што вашите квалитети би биле целосно изразени. Сепак, без разлика на предизвиците, не сте подложни на потреба да започнете нешто ново, бидејќи не е поволен период за тоа. Со внимателна организација и не трошење на вашиот потенцијал, предизвикувачките аспекти ќе поминат безболно.
Љубов: Сконцентрирани сте на себе и на својот оптимизам, па лошото расположение на вашата сакана личност ве вознемирува. Избегнувањето на средби не е вистинското решение, соочете се со проблемот. Ја изгубивте таа магична нишка што ве врзува, па времето што го поминувате заедно, оваа недела, може да се претвори во тешка досада.
Здравје: Подложност на повреди.
Лав (23.7 – 22.8)
Работа: Овој период ќе биде одбележан со правна и бирократска работа. Сè околу тоа ќе биде тешко и подложно на компликации. Добрата страна на сето тоа е што малите секојдневни проблеми ќе ви ги пренасочат мислите и ќе ја ублажат нервозата. Покрај тоа, постојат шанси да презентирате некои од вашите идеи и да добиете поддршка од претпоставените од оние од кои најмалку сте очекувале.
Љубов: Престроги сте кон себе, не е лесно со саканата личност бидејќи истото го очекувате и од неа. Вашите провокации можат да бидат поттик за сериозна кавга до крајот на неделата. Квалитетниот и искрен разговор може да разреши некои недоразбирања кои ве наведуваат да верувате дека вашата љубовна врска се оладила.
Здравје: Болка во нозете.
Девица (23.8 – 22,9)
Работа: Во одлична форма сте, но, без разлика на тоа, ве обзема нетрпеливост и нервоза. Вашите промени во расположението не се пријатни за околината, па можни се мали конфликти и расправии. Информациите што ги добивате овие денови го водат вашиот професионален развој. Останете фокусирани и лекувајте го нестабилното расположение со физичка активност.
Љубов: Преку пријателите ви претстои ново познанство. Ќе уживате во мала релаксација и прифаќање на предизвиците, но долгорочно знаете дека ова не е за вас. Поради изразените промени на расположението сте почувствителни, а тоа не е добра атмосфера за нови почетоци.
Здравје: Пазете се од вируси.
Вага (23.9 – 22.10)
Работа: Вистинско време е да ги исчистите сите заостанати работи бидејќи тие ве попречуваат и ве забавуваат. Без разлика дали се работи за човечки ресурси или проекти, деновиве ве очекува тешка одлука која очекува добра проценка и мудар потег. Доколку барате работа, оваа недела носи шанса да ја отворите можноста за прифатливо преодно решение.
Љубов: Партнерот нема разбирање кога е во прашање вашиот незаинтересираност за него. Искрените разговори, комплиментите и долгите прошетки ќе ја смират тензијата која ве обзема. Дајте му малку поддршка и топлина, дури и ако не сте расположени – не заборавајте дека безрезервно ве штити и сака.
Здравје: Можна е појава на гастритис.
Шкорпија (23.10 – 22.11)
Работа: Подвлечете сериозна линија во сè. Размислувате како да бидете поефикасни и да ја подобрите финансиската состојба со некоја иновација. Добро време е да се вклучите во активностите на вашата социјална средина. Професионално сте високо ценети, па деновиве ќе добиете и официјална потврда за тоа. Кон крајот на неделата можете да очекувате непријатни вести кои многу ќе ве загрижат.
Љубов: Потребата брзо да си го средите животот може да ве доведе до избрзани потези. Ако вашата љубовна врска имала некаква мешавина на мистерија, подгответе се дека, деновиве, ѕвездите не ви се наклонети и дека секоја тајна се заканува да стане јавна, затоа бидете внимателни.
Здравје: Можна е појава на алергија.
Стрелец (23.11 – 21.12)
Работа: Деновиве ќе добиете понуда за дополнителна работа која моментално не ви е потребна. Барате оправдување во финансискиот надоместок, кој според вас не е доволен за трудот што треба да го вложите. Прифатете затоа што оваа работа ќе ви се исплати на долг рок. Дополнително, имате можност да ги завршите сите неподмирени финансиски обврски.
Љубов: Овој период не добивате доволно топлина од партнерот колку што ви треба. Премногу сте чувствителни, па деновиве ви следи оладување на односите. Тајно, некаде во потсвеста, сѐ уште чувате некои спомени. Сеќавањето на минатото и големата љубов може да ви ја замати шансата за нова врска.
Здравје: Контролирајте го крвниот притисок.
Јарец (22.12 – 20.1)
Работа: Мора да се согласите на компромис ако сакате да ја искористите шансата што ви се појавува овие денови. Можно е минливо одложување, но ако останете упорни, работата што ја започнувате сега има потенцијал да се исплати многукратно во иднина. Сепак, бидете подготвени на фактот дека за се ќе биде потребно време, бидејќи вистинските резултати ќе дојдат дури во годините што доаѓаат.
Љубов: Од страв да не ја разнишате привидната стабилност во врската, сите грешки ги преземате на себе. Може да влезете во сериозен конфликт со саканата личност бидејќи многу се наталожиле и сте го прецениле трпението. Вистинското решение за вашите проблеми е отворен разговор во средината на неделата.
Здравје: Болки во грбот.
Водолија (21.1 – 19.2)
Работа: Многу важни ситуации, кои во минатото сте ги запоставувале, деновиве доаѓаат до решение. По прераспределбата на долговите, пристигнува неочекуван поттик од личност која досега ништо не ви ветила. Ограничете го прекумерниот оптимизам бидејќи кога ќе се одлучи нешто важно, ќе биде важно внимателно да размислите и задолжително да побарате совет од други соработници.
Љубов: Добивате шанса да направите малку простор за себе и да забавите. Темпото зад вас бара да застанете и да се преиспитате дали оваа врска е она што го сакате. Преокупирани сте со други проблеми, па не забележувате дека вашата сакана личност, исто како и вие, не е задоволна.
Здравје: Одморете малку, бидејќи заморот ќе ве совлада.
Риба (20.2 – 20.3)
Работа: Важните информации не стигнуваат до вас на вистински начин, па затоа не сте во добра позиција да ги видите сите можности за конечна одлука. Сакате премногу, а нема реални можности, мора да се откажете од нешто. Ја барате секоја можност повторно да се наметнете во работната средина во која припаѓате. До крајот на неделата, вашата работа може да биде наградена.
Љубов: За вас некои работи во партнерството се земаат здраво за готово. Поради тоа, може да ја пропуштите можноста да му се покажете на саканата личност и да дадете повеќе од она што мислите дека е доволно за да трае една љубовна врска. Доведете ја другата страна на разговорот, ќе се изненадите од тоа што ќе го слушнете.
Здравје: Дигестивни проблеми.