НЕАНДEРТАЛЦИТЕ ИМАЛЕ СЕКС СО ЕВОЛУИРАНИ ЛУЃЕ Годинешниот нобеловец Пабо откри дека затоа сме кревки на ковид-19
Во март 2010 година Пабо и неговиот тим пронајдоа доказ дека гените на Денис биле пренесени на обичен човек, хомо-сапиенс. Тој и неговиот тим, исто така, заклучиле дека веројатно имало вкрстување помеѓу неандерталците и евроазиските (но не и субсахарските африкански) луѓе. Вкрстувањето се случило во Јужна Европа.
Неандерталците и други типови на пред-луѓе се мешале со вистинските луѓе – хомо сапиенсот пред 50.000 до 60.000 години и сега тоа го знаеме за сигурно. Да биде уште поинтересно, ова мешање на нивните гени влијае на сегашните наши гени и на тоа како реагираме на вируси и инфекции. На пример на коронавирусот. Ова го откри шведскиот генетичар Сванте Пабо и годинава ја доби Нобеловата награда за медицина.
Пабо успеа да направи нешто извонредно. Да направи секвенционирање на ДНК-та на еден неандерталец, познат по името Денисовски човек. Тој е неандерталец пронајден во Денисовската пештера во Русија. Денисовскиот човек сам по себе беше чудо на науката кога беше пронајден, бидејќи испадна дека неандерталци имало и на Сибир, што ја комплицира теоријата од каде точно и како патувале тие за да дојдат во Европа. Да, зацементирано е дека тие дошле од Африка пред 70.000 години, но нивните патешествија во Евроазискиот дел остануваат мистерија.
Во март 2010 година Пабо и неговиот тим пронајдоа доказ дека гените на Денис биле пренесени на обичен човек, хомо-сапиенс. Тој и неговиот тим, исто така, заклучиле дека веројатно имало вкрстување помеѓу неандерталците и евроазиските (но не и субсахарските африкански) луѓе. Вкрстувањето се случило во Јужна Европа.
Сега научниците сакаат да го истражуваат само тоа, како гените на старите луѓе се мешале со другите, во нова дисциплина наречена палеогеномика, од палео што значи старо.
Во 2014 година, Пабо ја објави книгата „Човекот Неандертал: Во потрага по изгубени геноми“, каде што, во мешана форма на мемоари и популарна наука, ја раскажува приказната за истражувачките напори за мапирање на геномот на неандерталците во комбинација со неговите размислувања за човечката еволуција.
Во 2020 година тој открива дека поради хромозомскиот регион 3 кој го имаме од неандерталците како луѓе посклони сме да развиеме потешки форми на коронавирусот.