НЕ ЗНАМ ДАЛИ ЧОВЕШТВОТО ЌЕ ЈА ПРЕЖИВЕЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Познатиот Харари објаснува зошто ботовите нема да имаат потреба од луѓе

Нацистичкиот режим се засноваше на технологии како возови, електрична енергија и радио. Тие немаа алатки како вештачката интелигенција. Новиот режим во 21 век ќе има многу помоќни алатки. Така, последиците би можеле да бидат многу покатастрофални. Ова е нешто што не знам дали човештвото ќе може да го преживее, вели познатиот интелектуалец.

1,727

Човештвото можеби и нема да ја преживее вештачката интелигенција која е во пораст, смета познатиот изралески филозоф и историчар Јувал Харари во интервју за Дејли Телеграф. Причината, според него, е тоа што оваа технологија е прва досега која може да создава цели приказни и содржини – а токму приказните се начинот на кој човекот доминира врз Земјата.

Според него, ништо не може да се спореди со оваа моќ на вештачката интелигенција бидејќи таа ќе создава приказни за верата, за парите и меѓу другото, за нацијата.






Со други зборови, вештачката интелигенција може да создаде нова религија, нов „капитализам“ и нови држави – некоја нова демократија. А притоа, за тоа да не бидат потребни луѓе.

Дебатирате со некој, ама таму нема никој

Харари сугерира дека вештачката интелигенција наскоро ќе оди многу подалеку. Тој вели дека ќе живееме во свет каде што „се влегувате на интернет и дебатирате за политичко прашање со некого. Можеби дури и ќе ви испратат видео од нив како разговараат. Но, нема личност зад тоа. Сето тоа е вештачка интелигенција“.

– Ова е посебна закана за демократијата, многу повеќе од авторитарните режими. Бидејќи демократијата се потпира на јавниот разговор. Демократијата во основа е разговор. Луѓето што разговараат меѓу себе. Ако вештачката интелигенција го преземе разговорот, демократијата е завршена – вели тој.

Не ти требаат луѓе ако можеш да носиш одлуки за себе

Харари предупредува и дека вештачката интелигенција би можела да носи одлуки самата за себе, без потреба од луѓе.

– Мораме да разбереме дека вештачката интелигенција е првата технологија во историјата која може да носи одлуки за себе. Може да носи одлуки за сопствената употреба. Може да донесува одлуки и за вас и мене. Ова не е предвидување на иднината. Ова веќе се случува – подвлекува тој.

Чат ГПТ версус ГПТ Вистински

Харари минатиот месец ја потпиша петицијата во која илјадници експерти, меѓу кои и Илон Маск повикаа да се сопре работата на новата, четврта, верзија на Чат ГПТ, бидејќи таа би можела да покаже свесност и да стане опасна.

Илон Маск истовремено најави дека ќе развива своја вештачка интелигенција наречена TruthGPT, односно Вистинит ГПТ која ќе трага по вистината, ќе биде од почеток научена да ги сака луѓето и да ги восприема како корисни за да не ги уништи. Меѓу другото, Маск рече дека Вистинскиот ГПТ трагајќи по вистината ќе избегнува да биде политички коректен како што налага денешната мода.

Пострашно од нацизам

Но, петицијата не ги намалува апокалипитичните прогнози на некои аналитичари.

Харари во интервјуто вели дека вештачката интелигенција ќе биде пософистицирана од нацистички режим:

– Нацистичкиот режим се засноваше на технологии како возови, електрична енергија и радио. Тие немаа алатки како вештачката интелигенција. Новиот режим во 21 век ќе има многу помоќни алатки. Така, последиците би можеле да бидат многу покатастрофални. Ова е нешто што не знам дали човештвото ќе може да го преживее – вели познатиот интелектуалец.

– Обидете се да замислите што значи да се живее во свет каде што повеќето од стиховите и мелодиите, потоа ТВ сериите и сликите се создадени од вештачка интелигенција – предупредува тој.

Ако ништо друго, ќе се чувствуваме бескорисни

Пример за ова може да биде фалсификуваното интервју со Михаел Шумахер направено со вештачка интелигенција кое дигна прашина во јавноста, а германскиот магазин кој го објави беше ставен на тапет.

Дури и да не биде иднината толку црна, според Харари самото тоа што вештачката интелигенција ќе замени многу работни места ќе има катастрофални последици. Тој вели дека луѓето ќе се чувствуваат бескорисни.

– Друга опасност е тоа што многу луѓе би можеле да се најдат целосно без работа, не само привремено, туку без основни вештини за идниот пазар на трудот. Можеме да дојдеме до точка каде што економскиот систем ќе гледа милиони луѓе како целосно бескорисни. Ова има ужасни психолошки и политички последици – заклучува авторот на неколку бестселери меѓу кои „Сапиенс“ и „21 лекција за 21 век“ каде подетално се бави со тоа како човештвото функционирало од памтивек, па до денес.

 

Поврзани содржини