НЕ ЗБОРУВАЈ СО НЕПОЗНАТИ?! Наместо на ова старо правило, една мајка ги учи децата на нешто друго
„Работата е во тоа што децата најчесто се малтретирани или повредени од луѓе што ги познаваат, без разлика дали се работи за близок член на семејството или познаник, многу ретко се работи за странец. И затоа сакам моите деца да знаат да препознаат опасно однесување. Ако некој им каже да чуваат тајна што не можат да им ја кажат на родителите или ги повика да одат некаде без нас, тоа е нешто за што ги предупредуваме нашите деца“, вели оваа мајка на пет ќерки
Родителството подразбира донесување многу одлуки за децата и начинот на кој ги воспитуваме. Некои од овие одлуки понекогаш може да се сметаат за контроверзни од луѓето околу нас, па затоа често ги задржуваме за себе.
Но, тоа не е случај со мајките како Марсија Вејлен, која не се воздржува да ги сподели своите понекогаш не толку популарни мислења на социјалните мрежи. Со неодамнешната објава на TikTok, оваа мајка на пет ќерки открива зошто не ги учи своите деца дека е опасно да се разговара со непознати.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.