НЕ УДИРАЈ ПРВ, АМА АКО НЕКОЈ ТЕ УДРИ… Дали децата треба да возвратат кога ќе ги удрат?

Дали децата треба да возвратат удар ако некој врсник прв ги удри? Ова вечно прашање повторно разгоре жестока дебата на социјалните медиуми откако Британи Норис, мајка на две деца од Луизијана, го сподели својот контроверзен став на Tик-Ток. Што мислите вие за ова?

463

„Ако некој го удри моето дете, не го воспитувам да оди да му каже на наставникот – не го воспитувам тужибаба“, вели Британи Норис, мајка на две деца од Луизијана во видео на Тик-Ток. „Тој сам се справува со тоа, возвраќа, се брани и ако тоа не е доволно, јас ќе се вмешам. Ако е контроверзно, не ми е гајле… Удри посилно“, вели таа во видеото кое повторно разгоре жестока дебата на социјалните мрежи.

Додека некои родители го поздравија нејзиниот совет, други изразија длабока загриженост. „Секогаш ме учеа да не го задавам првиот удар, но да бидам сигурен дека последниот ќе биде мој“, напиша еден корисник. Но, многумина не се согласуваат.






„Ова ги учи децата да користат насилство за да решаваат проблеми наместо да бараат помош. Ја поткопува довербата во наставниците и го отежнува одржувањето на редот во училиштата“, вели еден корисникр. Еден наставник се согласил, додавајќи дека овој став на родителите довел до тоа насилството во училиштата да излезе од контрола.

Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини