НЕMAAT СИТЕ ЛУЃЕ ВНАТРЕШЕН ДИЈАЛОГ? Дебата на Твитер отвори неодговорено прашање во науката
Истражување од 2011 година вели дека некои луѓе си зборуваат многу, некои никогаш, а некои повремено, а дека средниот процент на оние кои зборуваат сами со себе е околу 20 отсто. Оваа тема се врати во етерот кога корисници на твитер почнаа меѓусебно да се прашуваат како им е „внатре“ и открија дека имаат многу разлики.
Едно од поголемите изненадувања на почетокот на годинава беше кога некои луѓе на социјалните мрежи открија дека едноставно го немаат оној внатрешен глас, оној разговор или монолог со самите себе. Сè започна со еден твит на еден корисник Кајл на кој се надоврзаа многумина. Тогаш стана јасно – навистина сме различни по ова прашање. Зошто?
Сега, се појавуваат сè повеќе луѓе кои објаснуваат како е да се нема внатрешен дијалог, пишува ИФЛ Наука.
Еден од тие корисници кој стана познат на мрежата Реддит е Вадермаулкило. Луѓето му поставуваа различни прашања.
„Не. Никогаш не сум го имал тоа (внатрешно муабетење). Ако од мене се бара да направам нешто што не сакам да го правам, едноставно се фрустрирам, но тоа е отприлика. Јас навистина не размислувам во себе“, им напиша Вадермаулкило на корисниците.
На прашањето дали барем некогаш му се заглавиле песни во главата, Вадермаулкило одговори:
„Всушност тоа е веројатно најблиското нешто што го имам до внатрешен дијалог“.
Други корисници кои немаат „внатрешен муабет“ потврдија дека нивното искуство е слично.
„И јас сум таков“, напиша корисникот GohanShmohan.
„Немам свесно размислување за тоа што го чувствувам, или каков било проток на дијалог што си го опишува себеси. Само го чувствувам. Тоа е како внатрешниот дијалог да е човек во мојата глава, ама тој човек едноставно не е таму.“
Еден корисник пак вели дека секоја мисла што ќе му дојде му доаѓа прво како збор, дека не може поинаку дури и кога е лут или кога пцуе.
„Мислите се зборови“, напиша корисникот merewautt.
Многу луѓе на Реддит се согласија дека чувството на лутина оди рака под рака со внатрешен монолог на галамење и доста пцовки. Корисникот merewautt вели дека можеби така се случуваат оние Фројдовски „слипови“ – кога ќе кажеш нешто точно како што си го мислел во главата иако си планирал да го извртиш пред другите.
На пример, кога „по грешка“ ќе ја спомнеш сопствената мајка.
А што вели науката за сето ова? Во едно истражување од 2011 година луѓето се однесувале многу чудно. На група студенти им биле дадени пејџери на кои имало снимени говорни пораки. Тие требало да запишат за што размислувале неколку моменти пред да заврши пораката.
„Субјектите се доживуваа себеси како внатрешно разговараат со себе во 26 проценти од сите примероци“, напишаа тогаш научниците во списанието ПсихологијаДенес.
„Но, имаше големи индивидуални разлики: некои субјекти никогаш не доживеале внатрешен говор, други испитаници доживеале внатрешен говор во дури 75 проценти од нивните примероци. Средниот процент кај субјектите бил 20 проценти. Некои луѓе си зборуваат многу, некои никогаш, а некои повремено“.
На науката исто така ѝ е познато и дека внатрешен муабет пријавиле и луѓе кои се глуви.
Од друга страна, пак, постојат луѓе кои пријавиле дека тешко им оди да замислуваат работи во слики. Оваа состојба се вика афантазија.