НЕ СЕ ПРЖЕТЕ НА СОНЦЕ! Предупредувачки знаци на рак на кожа може да се развијат по само 15 минути под силните сончеви зраци
Cancer Research UK, најголемата светска независна организација за истражување на ракот, ги повикува луѓето да внимаваат на овие рани предупредувачки знаци на рак на кожата, кои можат да произлезат од само 15 минути на сонце и да се развијат во потенцијално фатален рак во рок од само четири недели.
Иако сите со нетрпение го очекуваме летото во текот на целата година, сепак се советува да избегнувате да поминувате премногу време на силното сонце.
Неодамна го преживеавме првиот топлотен бран за ова лето, а којзнае уште колку ни претстојат.
Температурите се искачија на речиси 40 степени и крајно време е, доколку веќе не сте, сериозно да ги сфатите предупредувањата за избегнување на силното сонце.
Ако сепак, поминувате многу време на сонце, треба да обрнете особено внимание на знаците на рак на кожата и веднаш да се јавите кај вашиот лекар доколку забележите некој од овие симптоми.
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.