НЕ, ОВА НЕ СЕ ОСУМДЕСЕТИТЕ Вака изгледа и денес оваа убава стара куќа во центарот на Охрид
Во осумдесетите години од минатиот век, главната мода беше да имаме дома две работи: итисони од агол до агол и регали од ѕид до ѕид. И дневните соби беа речиси исти: регал, двосед, тросед, маса и две фотелји, неколку таписерии или гоблени на ѕидот, книги, најчесто руски класици, југословенски писатели, лектири, радио и по некој музички систем, грамофон, радио и касетофон. Ете, деновиве престојувавме во една таква куќа во која времето како да застанало токму таму, во 80-тите
На настанот за кој требаше викендов да престојуваме во Охрид, нашата пријателка Валентина резервирала соби во една куќа за која само не предупреди: не очекуваjте луксуз.
„Јас си доаѓам тука веќе неколку пати и мене ми одговара поради местоположбата и затоа што е во центар, а ми се допаѓа и тоа што внатре изгледа како времето да застанало“, ме предупреди таа.
И точно така, куќата изгледа како да замрзнала некаде во 80-тите години од минатиот век, во времето кога сите дома имавме нов мебел, но некако – беше секаде ист.
Во тие осумдесети години од минатиот век, главната мода беше да имаме две работи: итисони од агол до агол и регали од ѕид до ѕид.
Повеќе за ова, како и фотографиите од куќата побарајте ТУКА.