НЕ ОСТАНА НИ СКУЛПТУРАТА ВО УМЕТНОСТА Италијанците измислија робот кој самиот ќе резба ремек-дела (ВИДЕО)
Ризикуваме да заборавиме како да работиме со рацете, признава Лоренцо Калчинаи кој со машина прави скулптура реплика на иста таква која постои во катедралата во Фиренца.
Додека луѓето паничат дека сликарството ќе исчезне благодарение на вештачката интелигенција (АИ), италијански стартап наречен „Роботор“ измисли машина која е речиси исто толку добра во резбање мермерни ремек-дела од мермерот Карара како што тоа го правеле ренесансните мајстори, на пример Микеланџело, пренесува Футуризам. Речиси толку добра…
Основачот Џакомо Масари, е убеден дека неговите мермерни статуи направени со роботи се речиси исто толку добри како оние направени од луѓе.
– Мислам, да речеме дека сме 99 проценти точни. Но, сепак човечкиот допир си ја прави разликата. Тој еден процент е толку важен – изјавил тој за Си-Би-Ес-Њуз.
Масари оди и чекор понатаму тврдејќи дека „роботската технологија не им ја краде работата на луѓето, туку само ја подобрува“.
Роботот-скулптор го крстиле „1L“, а висок е 13 метри. Тоа е џин од легура од цинк кој е способен внимателно да сече плочи од мермер, деноноќно.
„Материјалот за резбање сега може да се трансформира, дури и во екстремни услови, во сложени дела на начин што некогаш се сметаше за незамислив“, се пофали компанијата на својата веб-страница.
„Влегуваме во нова ера на скулптурата, која повеќе не се состои од скршени камења, длета и прашина, туку од скенирање, мрежа од точки и од дизајнирање.
Што губи човештвото со оваа машина?
– Ризикуваме да заборавиме како да работиме со рацете – признава Лоренцо Калчинаи кој со машина прави скулптура реплика на иста таква која постои во катедралата во Фиренца.
– Се надевам дека одредено знаење (за занаетот) секогаш ќе ни остане при рака, иако колку повеќе одиме напред, толку потешко ќе биде да го зачуваме.