📽️ НЕ МУ Е ЛЕСНО НА ЃОКОВИЌ НА ОДМОР Внимава да не се повреди, мисли на АТП листата?
Српска Нова пишува дека тенисерот размислува и за тоа што ќе стане со неговото место во Топ 10 на планетата.
Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ внимава да не се лизне од карпи, сугерира снимка од плажа на Мљет, остров во Јужна Далмација блиску до Дубровник. Најдобриот тенисер на сите времиња го поминува својот одмор на Јадранот, во Црна Гора и во Хрватска.
Но, освен што ги полни батериите откако го откажа учеството на Мастерсот во Торонто, Ѓоковиќ размислува за следниот турнир на Отвореното првенство во САД каде што може да освои милион долари. Таму ќе игра во мешани двојки со Олга Даниловиќ.
Српска Нова пишува дека тенисерот размислува и за тоа што ќе стане со неговот место во Топ 10 на планетата.
Ѓоковиќ ја започна својата 900-та недела во Топ 10 на планетата, но сега разликата меѓу него и останатите играчи никогаш не била помала.
View this post on Instagram
Српскиот тениски ас е шести со 4.130 поени, што значи дека остатокот од караванот Топ 10 се доближил до него на помалку од илјада АТП поени и сето тоа во време кога тој одлучи да не учествува на Мастерсот во Канада.
Десеттопласираниот Андреј Рубљов има 3.160, а над него се Холгер Руне (3.250), Бен Шелтон (3.330) и Лоренцо Мусети (3.350).
„Бидејќи не сите најдобри тенисери во светот ќе играат на Мастерсот во Торонто (кој започнува на 27 јули), јасно е дека еден од овие играчи би можел да го престигне Ѓоковиќ“, коментира српска Нова.
Всушност, учеството на Мастерсот веќе го откажаа и Карлос Алкараз и Јаник Синер. Кој играч ќе го освои мастерсот? Од турнирот се откажа и Џек Дрејпер, моментално петти на светската ранг-листа, кој во неделата ја објави својата одлука преку социјалните мрежи.
Додека Ѓоковиќ и Синер за причина за повлекувањето ги наводоа повредите, Алкараз изјави дека му треба време физички и психички да закрепне поради „мали мускулни проблеми“.
Според медиумот, во едно лудо сценарио, постои теоретска можност и Ѓоковиќ да го дочека Ју Ес Опен надвор од Топ 8 играчи на планетата.