НЕ, МАЛТРЕТИРАЊЕТО ОД ВРСНИЦИТЕ НЕ Е ДЕТСКА ИГРА Како да постапите ако вашето дете е жртва на булинг?

Голем број родители не знаат како да постапат, па понекогаш дури забележуваме нормализирање и минимизирање на она што му се случува на детето оправдувајќи го како детска игра или нешто што мора да се помине во училишните денови, охрабрувајќи го да се брани, што му создава дополнителен притисок на детето.

742

Булингот или врсничкото насилство е повторувачко однесување, односно се работи за насилство со намера, и може да се случи преку удирање, туркање, закани, потсмев, гестови, ширење гласини, исклучување итн. Сајбер булингот пак, се случува на социјалните мрежи, исто така, со закани, потсмев, ширење гласини, уценување, но, и размена на фотографии.

Булингот не треба да се споредува со ситуациите кога децата во текот на играњето се задеваат, понекогаш се лутат, но, тоа не е штетно кога се прави пријателски и во тоа учествуваат децата на заеднички начин. Но, кога задевањето доаѓа само од едната страна и има цел да повреди, се случува на нељубезен начин и го гледаме дека се повторува, потребно е да реагираме.






Особено е болно за родителите кога ќе дознаат дека нивното дете е отфрлено, исклучено, или на училиште е мета на останатите деца. Голем број родители доцна го забележуваат булингот, не знаат како да постапат, немаат идеја како да му пристапат на сопственото дете, па понекогаш дури забележуваме нормализирање и минимизирање на она што му се случува на детето, оправдувајќи го како детска игра или нешто кое мора да се помине во училишните денови, охрабрувајќи го да се брани, што му создава дополнителен притисок на детето. Исто така, голем број деца не го споделуваат она што им се случува поради срам, страв, или поради немање идеја за тоа како би реагирале родителите.

Што да направите во случај вашето дете да е жртва на булинг, прочитајхте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини