НЕ ИМ ВЕЛЕТЕ „НЕМАМЕ ПАРИ ЗА ТОА“! Психолог советува што да им кажете на децата кога имаат желби поголеми од можностите

Кога вашето дете бара нешто скапо, тоа е совршена можност да го научите нешто вредно. Наместо да го прекинувате разговорот, одвојте момент да објасните зошто одредени трошоци не се во семејниот буџет, за што штедите и зошто долгорочните цели се поважни од краткорочните желби.

1

– Можеме ли да одиме во Дизниленд за пролетен распуст?

– Не, не можеме да си го дозволиме тоа.






Ако овој разговор ви звучи познато, тоа е затоа што порано или подоцна вашето дете ќе ве праша за нешто што е далеку од вашиот буџет.

Штом ќе тргнат на училиште, децата стануваат свесни за патувањата, играчките и искуствата што ги имаат другите семејства, што може да доведе до нереални желби. Но, рефлексниот одговор „не можеме да си го дозволиме тоа“ може да биде штетен, вели финансискиот психолог Бред Т. Клонц.

Првата причина да се избегне оваа фраза е тоа што веројатно тоа не е во целост вистина, а децата можат да почувствуваат. Да бидеме реални, освен ако вашето дете не бара приватен авион, веројатно би можеле да најдете начин да го финансирате тоа – со земање кредит, продажба на имот, користење кредитни картички или добивање дополнителна работа.

Значи, „не можеме да си го дозволиме тоа“ всушност значи „не сакаме да ги трошиме парите на тоа“, што е голема разлика, според CNBC.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини