НЕ ГИ САКААТ ВО СВОЈОТ САЛОН Осум славни личности на кои доживотно им е забрането да купат „Ферари“ (ФОТО)
Италијанската компанија внимателно избира кој ќе биде зад воланот на нивните модели, а тоа особено се однесува на ВИП листите на кои се наоѓаат клиенти предодредени за специјални лимитирани серии.
„Ферари“ е синоним за скапо, убаво, ексклузивно, моќ и брзина… Сонот на речиси секој љубител на автомобили е еднаш да вози „Ферари“. Во „Ферари“ немаат проблеми со продажбата – напротив: тие работат како никогаш досега, соборувајќи го сопствениот рекорд на продажба од 2021 година и остварувајќи годишен профит од 833 милиони евра, а воедно се и марка којашто најмногу во светот заработува по продаден автомобил.
„Ламборџини“, пак, од друга страна, продава премногу и на секој што има пари, што не е патот по кој „Ферари“, сѐ уште вистинска италијанска марка за спортски автомобили, сака да оди.
Кога работите се поставени така, секој сака да биде дел од тој ексклузивен клуб „за да им порасне вредноста во општеството“.
Меѓутоа, позната работа е дека ретко кој производител има толку строги барања и проверки кога е во прашање изборот на клиенти како што ги има „Ферари“.
Италијанската компанија внимателно избира кој ќе биде зад воланот на нивните модели, а тоа особено се однесува на ВИП листите на кои се наоѓаат клиенти предодредени за специјални лимитирани серии.
Навистина постои огромна контрола кога сакате да купите ново ексклузивно „Ферари“ и тоа не е тајна, како ниту дека постојат непишани правила коишто мора да се почитуваат за да дојдете „на милост“ на луѓето од „Маранел“ за воопшто да се најдете на таа листа.
Најважното и правило број 1 е дека не смеете да го продавате „Ферари“ во првата година од сопственоста, а ако одлучите да го продадете, мора да ја известите компанијата. Исто така, во „Маранел“ сметаат дека не е пожелно да се модифицира автомобилот, да се менува знакот или да го облепувате во фолија. А, тоа е само почеток во „правилникот“.
Притоа, бројот на милиони на сметката воопшто не е пресудна (секако дека е потребен, но не гарантира влез во одбраното друштво) и дури често може да се слушне како „„Ферари“ ве избира вас, а не вие „Ферари““.
За тоа сведочи и бизарниот пример на претприемачот Дејвид Ли, кој бил одбиен поради непримерната изјава, но по пет години, сепак, ја добил испораката на „LaFerrari Aperta“.
Од друга страна, некои клиенти во „Маранел“ се секогаш добредојдени гости за кои „Ферари“ веднаш резервира модели во производство и ги става на листата за својата нова најексклузивна мала серија. Еден од нив е фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој секогаш го купува новиот најдобар модел и не ги продава брзо, туку ги вози, што во „Ферари“ многу го ценат тоа.
Меѓутоа, од друга страна, постојат и бројни богати познати личности кои луѓето од „Ферари“ едноставно не ги сметаат за добредојдени во ниту еден од нивните салони.
Бидејќи, и покрај тоа што многумина веруваат, дека парите и статусот се доволни за купување одредени работи, луѓето во „Ферари“ тоа воопшто не ги интересира, а со текот на годините многу славни и познати личности го изгубиле правото на купување „Ферари“, без разлика колку се богати.
Оваа е листата на познати личности на кои им е доживотно забрането повторно да купуваат „Ферари“:
1. Крис Харис
View this post on Instagram
Прв на листата на познати личности на кои им е забранет влез во куќата на „Ферари“ е водителот на автомобилското шоу „Top Gear“ и автомобилскиот инфлуенсер Крис Харис, кој своевремено рече дека примероците на „Ферари“ за новинарски возења се подобро оптимизирани од оние што ги продаваат, а што никако не им се допаднало на луѓето во „Маранел“.
2. 50 Сент
View this post on Instagram
Следен на нивната црна листа е американскиот рапер 50 Сент, кој во некои објави на Инстаграм оцрни едно од неговите „Ферари“, што според мислењето на луѓето од компанијата било целосно неосновано, бидејќи се зборувало за недостаток на одржување. Видеата на кои тој го „чисти“ своето „Ферари“ со скапо шампањско биле особено одвратни за личноста на која му продале нов автомобил.
3. Џастин Бибер
View this post on Instagram
Трет на листата е пејачот Џастин Бибер, познат по своите скандали, а и денес раскажува како пијан го возел своето „Ферари 458“ пред неколку години, а потоа заборавил каде го паркирал, па две недели го барал по паркинзите и гаражите на хотелите и клубовите. На ова се додаваат и повеќекратните модификации што тој ги направил на своите автомобили „Ферари“, кои марката ги смета за вулгарни поради својот имиџ на луксузен бренд.
4. Николас Кејџ
View this post on Instagram
Тешко е да се замисли дека еден од големите холивудски актери со италијански корени, како Николас Кејџ, може да има проблем со луѓето од „Ферари“, но финансиите го доведоа во деликатна ситуација.
Тој мораше да го продаде своето „Ферари Енцо“ за да ги отплати долговите, но она што навистина ѝ пречеше на луксузната марка автомобили е што тоа го направи за цена пониска од нејзината изворна вредност, бидејќи цените на Енцо само растат.
5. Филип Плејн
View this post on Instagram
Швајцарскиот дизајнер, исто така, е непожелен, а „Ферари“ го тужеше, па тој ја загуби правната битка и на италијанскиот производител мораше да му плати отштета од 300.000 евра. Причината: тој беше тужен заради објавите на социјалните мрежи затоа што, според „Ферари“, со објавувањето фотографии од неговата модна колекција, незаконски го „присвоил“ брендот „Ферари“ кој стои до неговиот заштитен знак, а сѐ за да ги промовира својата сопствена марка и производ.
6. Тајга
View this post on Instagram
Раперот Тајга повеќе не смее да влезе во салонот на „Ферари“ бидејќи во 2012 години изнајмил „Ферари 458 спајдер“, но кога го вратил немал пари за изнајмување. „Ферари“ поради тоа го ставил на црната листа.
7. Дедмау5
View this post on Instagram
Музичарот и продуцент на електронска музика Дедмау5 на своето „Ферари 458 спајдер“ ставил приспособена обвивка Nyan Cat (мачка Нијан) од играта, прилагодени ознаки и душеци и го преименувал во „Пурари“, а потоа го возел на голем број автомобилски настани.
„Ферари“ е познат по тоа што не дозволува големи промени на своите автомобили, па тоа не го одобриле. Тие испратиле протестно писмо, па Дедмау5 го продал автомобилот таков каков што бил со мачката Нијан на него. „Ферари“ брзо го стави на листата на непожелни клиенти.
8. Флојд Мејведер помладиот
View this post on Instagram
На поранешниот американски боксер „Ферари“ никогаш повеќе нема да му продаде нов модел поради неможноста да ги задржи своите автомобили повеќе од неколку месеци (а требало да ги вози најмалку една година) и затоа што ги купувал само за покажување и на тој начин го оштетил угледот на брендот затоа што не се грижел за цената при препродажбата.
Со сето ова, кога сфатил дека ги има премногу, ги подарувал на познаници. Исто така, персонализациите што ги направил на некои од нив според „Ферари“ се без вкус и стил.
ФОТО: Инстаграм