НЕ ГИ БОДРИМЕ ДИРЕКТНО ДА ГО ЗАЗЕМАТ КРИМ Блинкен рекол дека украинската офанзива е одлука само на Киев

Двајца од луѓето цитирани од Политико изјавиле дека Блинкен ги навел да веруваат дека САД не ја сметаат потенцијалната операција за заземање на Крим „мудар потег во овој момент“.

308

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјавил дека Вашингтон директно не ја охрабрува Украина да го заземе Крим од Русија, објави Политико во средата. Медиумот цитираше четворица извори запознаени со еден онлајн разговор на платформата Зум кој Блинкен го имал со група експерти.

Заземањето на Крим би било „одлука само на Киев“, одговорил државниот секретар на прашање дали САД ќе му помогнат на Киев да си го врати полуостровот во Црното Море. Блинкен исто така рекол дека украински напад на Крим би предизвикал „поширок руски одговор“ бидејќи полуостровот окупиран од Русите уште во 2014 година е црвената линија за Владимир Путин.






Двајца од луѓето цитирани од Политико изјавиле дека Блинкен ги навел да веруваат дека САД не ја сметаат потенцијалната операција за заземање на полуостровот „мудар потег во овој момент“.

Сепак, дипломатот тоа не го кажал експлицитно, велат тие.

Наместо тоа, Блинкен изјавил дека Вашингтон се фокусира на помагање на Киев „каде што е борбата“, според Политико.

Додека украинските сили одамна најавуваат голема офанзива на Крим оваа година, деновиве во екот на вниманието е можниот голем руски напад на 24 февруари – годишнината од почетокот на војната. За ваквиот можен чекор предупредија украинските власти.

– Подготвени сме за удар. Мислам дека веќе знаеме што претставуваат таквите напади, откако во еден ден имавме испукани 115-120 проектили. Ќе издржиме и на тој ден – изјави Алексеј Данилов, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за Униан.

Поврзани содржини